глави (св.)
Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
— Ќе се глава негде, дотко. Ќе бера дрва кај некој чорбаџија, колку лебот да го јада и пинците да и кина, — ѝ велеше Крсте на сестра си Бисера со плачни очи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И дури Крсте да го дочека Митровден да се глави, стана голема промена во земјата наша.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— А бре, како ќе се главиш, бре Крле, главата да му падни да даде господ, вешчерот стар! Кој ќе чуе, ка ќе рече?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Татко после нѐ глави кај калуѓерите од манастирот и си замина пак во Преку.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ме видел да се чешам под мишките и еве го: Ај, глави ме за слуга, вели, да те поштам од вошки, да те чешам од болви.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во секој ред ѕидарот клавал по еден, по два. А кога ќе го главел белутракот го вадел секалото и пробувал дали каменот фрла искри.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тогаш седнуваше со домарот над мангалот во кујната, кршеше од домашниот леб, сркаше од манастирскиот грав, мезеше од биеното сирење на вжарената маша, отпиваше од стомната покрстено вино и водеше најприземен разговор за тоа како не се исплатува да го држиш и да го раниш магарето зиме кога нема работа во полето, како е поарно да го пуштиш без самар во снеговите на планината да го изедат волците, а напролет да си купиш младо магаре па да му го главиш стариот самар и да си вршиш работа, оти живеачката е една, а скапа, а пак треба да се преживее, да се одживее некако.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во прозорецот му удираше еден чемпрес, а чиј хороскоп го направија заедно со Марин Крусиќ кога овој последниот пат го посети во Блатието, каде што се глави како рибар на санџак-бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Што барате таму? - Да се главиме за овчари... – излажа Коте.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)