глекав прид.

глекав (прид.)

Јас сум, значи, нешто што го разбеснува овој глекав човек преку кого што сивото карирано палто виси како на закачка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Глупост! Тој ќе е удавен и нема ништо да рече. Само ќе лежи глекав и ќе гледа на две страни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Станувам ли мекуш, глекав дождалец, што ли?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ама за солта нема како. Солта не се сади, не се бере, а не можеш да ја прескокнеш. А ја прескокаш, сркаш бунгури, јадеш леб глекав.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Навистина, глекава иловица сета под коски, и ококорена. Зејгора, привидно.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некакви конци со кои бил врзан за својата неподвижност за железниот кревет (на нив има само стар, глекав душек и измитарено веленце), се инати тој , ослободен дури и од својата тежина, се исправа и по мрак, и самиот од мрак со грутки стврднат мрак во грлото, се обидува да го искрши катинарот на вратата од забранетата одаја и никако не успева.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се ископав од глекавост и, влечејќи се мечешки на дланки и на коленици, залазив кон тој ѕид со надеж дека уште еднаш ќе го видам Круме Арсов и ќе се уверам дека пред тоа сум го сонувал оковов од пламен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со обете раце копајќи го глекавиот мрак на отворената утроба, зграпчил сѐ што може, дробови, сплинка, жолчка, црева и срце. Повлекол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го виделе: станал и се тетеравел кон некаква крива колиба зад манастирот со чекор како да ги извлекува козјите нозе од глекаво калиште додека мантијата, црно знаме на жив костур, и без ветар потрепетувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)