горешт (прид.)
- Златна несреќна мајкина, - велеше мајката претурајќи по ковчегот и ронејќи горешти солзи.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Веднати, тие се губеа во високо нараснатото жито и само одвреме-навреме по некој ќе се исправеше колку да излезе од заветот, каде што беше пеколно горешто, и да го фати малаксаното ветре.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ќе му влезе на човекот в срце и со ладно и горешто ќе го штипе за срцето. Ќе го тресе човекот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А свеска ми се лути. Немај страв, ми вели молејќи ме да ѝ допуштам да ми се приближи погоре со својата горешта дланка.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И плачам. Ронам едни солзи изобилни и толку слатко горешти што се трудам уште посилно да плачам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Додека се обидувам, осмиот месец од
оваа година, MCMLXXX
достоинствено да го започнам писмово до тебе
ја откопчувам душата како елек
и шаторот твој го распнувам сосема
меѓу вториот и дваесеттиот век
резот е доволно длабок и горешт
светлината да се прекрши и одбие
твојот профил да се обликува појасно
макар и ништо да не не објаснува:
ни империјата, ни мемоарите
ни градот што го подигнав во мислата променлива
- еден град повеќе во Елада, љубената
ниту слободата повеќе од власта што ја сакаше
и Latio не, ни кованите пекунии
со ликот на Антиној, обожаваниот
Humanitas Felicitas Libertas
ниту твојата библиотека која се обновува
лека-полека по светот
ниту противниците, не ни жените не
ни смртта твоја и на твоите современици
и коњот не, и знакот на небото
и мачката со боја на пустина, мед и сонце
(според описот на Јурсенар)
ни патувањата, ни пророштвата
не, не, не, во право си кога се сомневаш
во смртта, кога му се предаваш
на Допирот-Убавината-Сласта
како на Смисла
зашто, поместувајќи ги границите
на крвта, плотта, идејата
животот пренесувајќи го
од една метафора на друга
го одложи толку многу
што остана и за нас!
________________________
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Обрезан, се соочи со природата
мајката, морето, Марија младата
се возбуди горешто
ко огледало блескотна обелискот
од искон создаден
во него, близнак
се преслика бесконечноста
о, срцето на немоќта
ритамот и смртноста -
опсцената, ласцивната
обелискот се вивна
во интимниот кат, во еонот
од похота по постоење
со вродена моќ и смисла
да биде
проблесок на еросот
нишан - алхемија
трепетно писмо
меѓу човекот и космосот
веда устремена кон небесната матка
за да го одрази идеално
недопирливото
овоплотувајќи се себеси
сѐ
она кое не се прикажува
но може да се види
со голо око
створителу
Куросе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Зашто штом го заколеш крмакот, треба веднаш да го попариш со горешта вода.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Па, и потоа преташе, крвта негова, ама јас, штом ќе претнеше тој, веднаш во таа дупката што му ја имав отворено со анџарот во гушата ќе му натурев горешта вода.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)