господство (ср.)
Турското господство на Балканскиот Полуостров беше историски период кога потчинетите мислат да го зачуваат нивното историско наследство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Турското господство ни ги пресече сите врски со нашата старина: Најтешко се одрази тоа на Македонија, како централна провинција, па затоа во тоа време кога кај другите православни Словени постепено се изработуваше писмениот јазик и правописот ние сѐ повеќе се обезличувавме и речиси сосем се откажавме од нашиот јазик како орган на литературната реч.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Турското господство во Македонија ќе се зачува само тогаш ако во неа има многубројно население што ја гледа својата благосостојба обезбедена само под власта на Турција.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тие денови, додека траеше господството на вошките во домот, сѐ, сѐ беше мртво.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тој, пак, султанот, Мурад I Ходавендекер, во склад со својот лукав и сомничав ум, искажа милост: сомневајќи се дека некој друг ќе може толку успешно да управува со Имотот колку довчерашните стопани, и сомневајќи се дека ќе може некого друг, некој Турчин на пример, да го ограбува колку нив, на Акиноските им го остави Имотот, а заедно со него и титулата и господството над целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Читав: „До уважениот везир, славниот мушир уредувач на светот, предострожен управител на општествените работи со прониклив ум, извршител на народните работи со правилен суд, градител на темелите на господство и среќа, кој ги зацврстува столбовите на среќата и сјајот, окружен со милоста на севишниот владател, до муширот на Румелискиот ејалет, мојот везир Ахмед Мулаим-паша - севишниот бог да му го продолжи господството, и до одличниот правник меѓу наибите, наибот на Монастирската каза - да му се умножи знаењето, кога ќе стигне високиов царски знак, нека се знае: Во бовчата за џезието во Монастирската каза отсекогаш имало по 98 листови од горна категорија, 950 од средна и 162 од долна категорија, вкупно 1112 листови на џизието, што се распоредувале на рајата, населена во споменатата каза, и нивниот износ се собирал од споменатата раја по утврдена процена.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А тоа значело полно господство на туѓиот капитал, кој го насочувал развитокот на народното стопанство така што земјата да дава селско стопански и други суровини за европската индустрија, а да купува неопходни готови производи однадвор.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ете зошто, ако сакаме да се бориме против турското господство, против султанската тиранија, ние треба да удриме по тие кои ја крепат таа тиранија, а тоа се европските сили...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)