гракне св.

гракне (св.)

Се заниша малку се сврте ваму - таму, разгледа наоколу и кога го виде расплаканото девојче го расчепи клунот и гракна: - Гра-а!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кобнички гракна гавран, потоа веќе знаев дека со кусо и болно повторување чкрта бунарски чарк, квичи осакатен пес и се заценува дете, и сето тоа достасуваше до мене и пак се оддалечуваше, се гаснеше или тонеше во некоја тишина чии ластари се испреплеткуваа околу мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не станувај“, гракна птицата. „Патот ни е пресечен со камења.“ Го познав гласот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледа нагоре: наеженото птичиште го чепи клунот и гракнува: - Засрами се, момченце!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)