граѓански прид.

граѓански (прид.)

А поддршката на мнозинството Турција ќе ја добие само ако се погрижи да воведе во Македонија вистински реформи, способни навистина да ги зачуваат националните и религиозните интереси на поданиците, нивните граѓански права и сносното економско постоење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
АНЃЕЛЕ: Јас ќе му речам на татка им дека се многу умни и да прати пешкежи за Спаса и за Танета; за Спаса кукла голема со коси та кога ја навали да спие, а кога ја исправи да гледа; а на Танета, да му прати еден костим граѓански алишта, една топка за да си игра и една музика да си свири.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Пред сѐ, во Германија не победи револуцијата, туку, особено во рамките на пруското кралство со апсолутистичкиот монарх на чело – феудалната класа сѐ уште имаше значително привилегирана положба, а младата германска граѓанска класа си беше извојувала далеку помалку одошто онаа во Франција.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Уште пообемна е неговата општествена дејност: бил секретар на Друштвото на писателите, секретар и претседател на Македонскиот ПЕН центар (сега почесен потпретседателот), основач и претседател на Граѓанскиот комитет за македонско-грчки дијалог и разбирање, основач и претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (сега почесен претседател), член на бордот на Транспарентност Македонија, член на писателите при Универзитетот во Ајова, САД, главен уредник на издавачкото друштво „Стерна“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бил едем граѓански војна, дечиња мили, Мадрид во крв се давел, кога го убиле огнени сили Гарсија црното славеј.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Почна граѓанската. А јас не можев мирно да работам во една приватна клиника во Атина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ја контролираше Југославија дали ,се меша во внатрешните работи на Грција", односно во Граѓанската војна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се најдовме: тие да се борци од шпанската граѓанска војна, а јас од грчката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Утрото го кажав сонот, а вечерта ме уапсија и ме осудија по норма: 25 години концентрационен логор со принудна физичка работа, 5 години интернација и 5 години одземање на граѓанските права...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, додека е во тек преселното движење на холандските Бури од еден во друг дел на Јужна Африка, ларпурлартизмот ѝ готви на уметноста стапица за да ѝ ги скине врските со животот, граѓанската класа во Шведска бара укинување на племството што можеби, според правдата на развитокот, ќе подава рака да испроси трошки од „никаквечката“ трпеза.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа беше отоманското движење кое поаѓаше од идејата дека отоманскиот граѓански статус треба да им биде даден на сите народи на Отоманската империја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како да се враќа од маскенбал, човекот под сивиот граѓански капут е облечен во руба на дворски пратеник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Маргина“ не е против хелиоцентризмот, логоцентризмот (фалоцентризмот!), антропоцентризмот, туку против центризмот воопшто, или, подобро речено (бидејќи перспективно патот кон излегувањето од дихотомиските стапици на умот - е бескрајно долг), „Маргина“ ќе настојува да го афирмира тој (еколошки) концепт на повеќецентралност и да ја унапредува онаа граѓанска свест за релации и релативност.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Денес не недостасуваат такви проблеми, граѓанскиот законик пука по сите шевови, а кривичниот минува низ иста криза како и затворите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во духовната историја на Европа тој секогаш одново се појавува кога некој религиски или политички поредок на вредности ќе стане проблематичен, и тоа секогаш внатре некаква повеќе-помалку „александриска“ култура, меѓу дворјаните, во граѓанскиот салон, во состајалиштетото на боемите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
По мое мислење, полека се раѓаат институциите на една демократија во која границите веќе не го даваат правото на исклучување од користењето на граѓанските права.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Токму стилот на пристојност од педесетите се здоби со форма на глобален граѓански стил, кој ќе се задржи сѐ до денес, кога е карактеристичен за динамичните јапии, успешните млади деловни луѓе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Често зборуваш за потребата од критичко-теориско објаснување на стварноста, односно на општествената ситуација која ги рециклира граѓанскиот конформизам и интелектуалниот „шламперај“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Државата под свое повторно ја земаа комитските банди коишто го обесправуваат не само граѓанскиот, туку самиот живот како таков.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Повеќе