гребне (св.)
Знаеше дека нема да помине многу време додека неговата присутност еднаш да мора да го гребне по сознанието она ѕвере, а тогаш тоа ќе мора да се подаде од под својата карпа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Маската му се прилепуваше за лицето. Жицата го гребна по образот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Е, што се случи? Те гребна мачката, голема работа, - одвраќаше тој на моите жалби.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Се обидов да му објаснам дека не било до тоа што ме гребнала и гризнала мачката, туку до тоа како се однесувала мајка му со мене, но тој само превртуваше со очите и одвреме-навреме ќе ме прекинеше да ме праша: - Добро, и што точно ти направи? Кога точно?
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)