гровне (св.)
Јас трчам кон грнот, а гранатата трча над мене, ме прелетува и гровнува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Едно време грофнува топот. Кога им се намести убаво, му ја пуштија гранатата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Гровна бомбата и се слушаат само пискотници, машки лелеци. Ајде сега бегај назад.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ропна два-трипати од првата чоколада што ја одвитка и гровна со восхит: - Вистинско нешто за мечкиниот вкус! За мене се? - За твоите деца.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
„Бре“, гровна уште еднаш со набрекнати жили на вратот, „бре, каков човек“, повтори.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)