грубост (ж.)
Годините не ја намалиле онаа убост; на лице свежест се гледа, младешката сочност не ја беше сменила грубост.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Грчеше, се пенеше работејќи. Таа го спречуваше, секој пат, го одалечуваше, госпоѓата Мервин, секогаш толку грациозна, неуморна. Никогаш никаква грубост.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Кога седумдесетите години Ворхол се сврте кон светот на модата и шоу-бизнисот како предмети на неговата уметност, неговиот храбар стил на изработување на портрети доби силно акцентиран момент на грубост - дури и вулгарност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Она што го изненади кај неа беше грубоста на нејзиниот речник.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Понекогаш бев груб, дури и суров со тебе - прости ми за грубоста и суровоста, зад нив ја криев својата безгранична љубов, а срцето ми крвавеше.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Кликтежи ви требаат, поету мој, ако не за друго, бар да ве слават и прославуваат, на вас да посочуваат како создавачи на убоста од која се храни животот, а не на грубоста која убива и ништи?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Некои велеа дека тоа се должи и на чудотворното дејство на водите на Езерото до кое не допираат злата и грубостите од далечното копно.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И јас навистина си замислував дека грубоста, налутеноста а подоцна и страсната лакомост нему му случеше само за будење на поспаниот извршител на гревот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таму има едно девојче што се плаши од грубоста на младите луѓе и затоа засакува стар човек.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Се жалеа на пороци и грубости од професорите кои не се воздржуваат од примена на сила како метод за зајакнување на актерското его.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)