гувее (несв.)
Невестата и зетот бакнуваа рака, гувееја, тураа ракија и вино, та дури и заиграа колку за адет и најпосле дојде саатот да останат и тие насамо. Со благослов од попот невестата си влезе во земникот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Едно е арно дека нема кому да му потураш, кому да му миеш нозе и да му гувееш кога ќе вечера, а трипати е полошо оти нема кој да се опсени околу тебе, да ти покаже, да те поучи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Гувееме ко срамни невести, што се вели, го менуваме тлакот на лицето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
јас сум до тебе, ми вели тој, јас цело време стојам до тебе, ми вели, ами оти не ме браниш од галебиве, му велам, нема со што, ми вели Горачинов, гледаш дека ми се зафатени рацеве, и после како да сме гувееле пред сонцето паднато во водата, се наведнуваме небаре пред свекор, пред свекрва, што се вели, а водата светка, си потфрла тркалца од бела пена, како ситни пари да сум пуштила, да сум фрлила во водата и парите ги собираат плипот деца, а после не биле деца, туку јато риби, изрипуваат нагоре, им светнуваат белите мешиња над водата и тогаш од бродот ми паѓа Горачинов, се провира и ми се губи ко јагула меѓу рибите, јас викам по него, но гласот нерастурен ми се враќа назад; се враќам и јас од сонот,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Светот и да го превртиш
наопаку
да гувее.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Не чини, си велам, да е човек и пречестит и прескромен”, и со таа мисла станувам да ја спасам ситуацијата која од пресраменост влегла во ќорсокак, кога гледам - имам што да видам: тие се држат за раце, гувеат и немаат сила да си погледнат ни в очи, а камо ли да се поканат да танцуваат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа убава, преубава, млада, гувееше стоејќи во место, без да смее збор да каже.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
А, невестата, по старите селски обичаи, играше, ама без еуфорија, со спуштен поглед, зашто невеста мора да гувее, нели.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
По наредба на пијаниот свекор и полузаспаната Анѓа, младенците останаа да гувеат до зори.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)