гурбетчија (м.)
КОТЕ: Ете, пак кај нив други адети, кога се оди на печалба гурбетчијата да излезе од пенџере.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Гурбетчијата низ пенџере! Ти теквело?! (Му подава мунзи).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Колку ти се каснува толку, ама треба на софрава да седнеш, за гурбетчијата се ставува за да си се врати пак во домот и да си седне на софрата со татко и мајка, сестра...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ги упатија кон висока, голема куќа со два балкона еден врз друг, целата малтерисана, бела, врамена во сини оптоки. Сигурно гурбетчиска.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Какви зими, такви рими: жена ми и син ми во туѓина китат елов садник и кршат погача за бадник јас пак сам кмишам дома ко во мечкина утроба трома грицкам виртуелен сладник а татковината ни – гурбетчиски расадник.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Гурбетчијата го носи своето семејство во себе во далечната туѓина, останувајќи туѓинец за народот со кој живее. Нема погорчлива судбина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)