густеж (м.)
Потоа скокна, си ја грабна кошулата, небрежно фрлена на песочето крај езерото, и се скри во непроодниот густеж на лагот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Полека, внимавајќи да не шушка со лисјата, Цепенко зачекори низ царевката и се добра до големиот густеж од капини испречен на самата меѓа - меѓу нивата и патот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Го гледаа секој ден по сончево време или по дожд како шета крај брегот, се пика во трските, шеварот, рошка со рацете низ гнилежот и врбовиот густеж и ја полни торбата со секакви дрвца што ги наоѓаше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Горе над селото, на сртот на Зајачки Рид, кој овде се вика уште и Веселички Рид, десно од патот, кој доаѓајќи од селото и префрлувајќи се преку ридот се спушта во Потковицата, во еден густеж од капини, над кого се издига закржлавена слива, има еден пак безимен кладенец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се таи во најбуното на гората, во еден густеж од дренови дрвја и диви рози заплеткани во бршлен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Богуле, при жулкањето на нејзините коси, го допираше и носот да ѝ ги помириса при што го губеше носот во нејзиниот густеж шумно шмркајќи.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тука некаде, околу коренот на дрвото, во густежот, се таи еден откриен кладенец, речиси вир.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од споредниот пат што подолу од свијок ќе се забуца во пролоканата стврднатост на царскиот друм, во неговата груба едноличност, се издвојувала врвица и, несигурно кршкајќи меѓу безимени грмушки со празни зајачки легала, се губела во дабов густеж во чија проредена 'рѓа се таложело мртво спокојство. По таа врвица се тетеравел Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со густежот на својата крошна ми го заклонува лицето од врелите зраци на сонцето.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Почна да голта полни лажици од манџата, во чиј густиш имаше коцкички од некаква розеникава сунѓереста материја која веројатно беше некаква преработка од месо.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во овој син воден густеж започнуваше, според сите таткови претпоставки, големиот пат на јагулите и кој требаше да го следи семејството во потрага по излез од Балканот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Џипот мина крај густежот и по неколку метри сврте на левата страна и влезе во еден широко отворен хангар.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Патот заврши со густеж од високи јасенови дрвја.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во густежот на стариот даб, скриена меѓу лисјата, со тенок, долг и зарипнат глас, заграчи ноќната птица.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Продолжи. На самиот крај од лединката - густеж. Слушна удари на копачи и исфрлување на земја.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Така, како сега, полека и нежно ја миеше кога на жнеење, во густежот, далеку од очите на жетварите - аргати, ја пови.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)