двоколка ж.

двоколка (ж.)

Сѐ уште среќно си спомнувам за тоа прекрасно старче и за оној црн леб донесен во двоколката.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Секојдневно тој доаѓаше во домот и со своето како глувче подвижно коњче на малечка двоколка ни носеше леб.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во илјада осумстотини триесет и петтата, во доба кога јавачите на апокалипсата биле вечни и достојни на обврските и кога толпа тврдоглави Кукулинци терале спрегнати двоколки преку планини и беспатици да донесат од крај свет камења за ред воденици, Јаков Иконописецот го запалил богољубивиот Круме Арсов но најдивите од дружината го зграпчиле пироманот и го обесиле.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се чекорело тетераво, никој не седел на двоколка, дури ни чкрботливиот Симон Наконтик - Господи севишен, повторувал, зошто не останав дома и не си го чекав на ониште судниот ден како што им доликува на причестените старци? - а Арсо Арнаутче, со секакви шамии врз окото преку кое минал турски јатаган, се потпирал со рака врз ѕидот на двоколката и само со една голема и засолзена црнка гледал во призрачноста на случките што останале на патот, најмногу во последниот настан во кој загинал од две стрелби пркосниот Борис Калпак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа некои исплашени и самите да не се запрпелкаат во мрежата на болештината, ја оставиле двоколката со воденички камења и избегале со своите волиња. Тоа биле Пане Долгманов и Кирил Сукаловски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак ја видел девојката како граба од една двоколка големо парче месо и како бега со трчање веднаш за да стане мрак во мракот на простор до кој зелената небесна светлина не достасувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некаков сон влегува во собата - земја по земја, град по град, јазици, музика од многу далеку, “О, каков прекрасен свет“,what a wonderful world, трамвај штрака по шините како двоколка во некој минат век.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На малечкиот ќе му направам двоколка од шишарки. Со тркала од кората на тикви.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А вие сте само ѓавол што му скокнал на Бога на грб и го вози како двоколка.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Од спротивната страна ни доаѓа двоколка со впрегнат коњ.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Него постојано го придружуваше исто така Албанец (знаеше малку македонски) кој ја влечеше двоколката (слична на индиските рикши) до врв наполнета со вреќи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)