двонасочен (прид.)
Меѓу нас – двонасочно попречено движење – триста и педесет разметливи минувачи, автомобили.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Ова нѐ наведува на поадекватен концепт за двонасочниот редукционизам каде двете науки, статистичката механика и термодинамиката на пример, се модифицираат во обидот за редукција за да доведат до нова наука која ги проширува нејзините прередуктивни компоненти и не може да биде сведена ниту на една од нив.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ова двонасочно патување никогаш не престана.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Широки двонасочни улици го пресечуваат од север спрема југоисток.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)