деланка (ж.)
Ги присобра уште ситните деланки кашкавал, што беа останати во крпата, во која еднаш имаше цела полутина од питата, а после го донесе тука и шеќерот, што беше преостанат во една метална кутија и реши дека сета таа храна може да му стаса сила-сила за уште два полугладни дена.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Траеше една таква долга модра вечност, во која погледот добиваше некоја белина само кога ќе требаше да одбере дали тоа стебло пред него беше токму онаа познатата, крајпатна бука, дали она, што се чинеше како деланка во нејзината коруба, не беше само некој поцрнет лишај.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беа широки деланки црвеникава сланина, а имаше и неколку глави кромид и лук.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Дури онаму, настрана, летаат деланките.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Одам секаде кај што одеше Јон, кај што работеше. Ја гледам трупалката, кај што сечеше дрва, коралницата на која ги овчеше колцата, кај што ја точеше секирата, брадвата теслата; ги гледам деланките, секаде има по нешто негово, по некој засек, по некоја сенка, стапалка, а него го нема.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Поделкај чини, поделкај, па плукни си во дланките за да не му се лизга рачката од секирата. И секирата само свирка и светка и летаат деланки од крај неа. 14
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога го истка, направи бакам од дудинкови и црничкови деланки, ги потопи.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)