дивјак м.

дивјак (м.)

За некое миење, преслекување и перење, ни збор не можеше да стане: жените станаа чуми, мажите — вампири, дивјаци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бил загатлив дивјак со куси нозе, црнките во очните глобови му биле иглести, на преширокиот врат му се протегале остри брчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Помоли ѝ се, батенце, на проказата дедовска, рекол грчав и без светлост во разумот. - Не си ти игумен меѓу дивјаци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Претпоставувам, пишувал: „Отсекогаш сум бил свесен за илузорноста на обидот за враќање во состојбата на благороден дивјак.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На крајот се запушти, ја остави математиката и живееше како дивјак, во нечистотија и осаменост, жалејќи се на незадоволеното самољубие.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најлошо од сѐ беше тоа што преку такви организации какви што се Шпионите тие беа систематски претворани во несовладливи мали дивјаци, а тоа сепак не создаваше во нив никаков порив за да ѝ се противстават на дисциплината на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веројатно некои од присутните си дошепнуваат: „Остави го, неприпитомено дивјаче“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се сакавме како дивјаци. Толку ни беше убаво што не сакавме да запреме.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Со него го удираа дивјакот, а овој, откако ќе крикнеше од болка, почнуваше да ја пее омилената песна на тој што го удрил; и тоа со милозвучен човечки глас!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Беше во право. Не само што немаше редица пред шаторот на дивјакот, туку и немаше жива душа во целиот циркус.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Таму си ја чува и штити својата овчичка од дивјаците.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)