диригент (м.)
Кореографи, режисери, диригенти ѝ обрнуваат посебно внимание, сите ја ценат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Како целата држава, мојата слатка мала Хрватска да се претворила во училишен хор и секој ден послушно вежба хорско пеење. А диригентот е, се знае...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој е диригент кому му е потребно често да го удира камертонот од нешто и повторно да го наслушне, да го фати тонскиот тек со кој концертот ќе продолжи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Под диригенство на мајското сонце концерт во разбудената градина
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Кога крилјата се подготвени за летање бргу се долетува до гнездото на сопствената болка од сопствената шака си ја лижеш изгубената радост и ја ишкаш смртта од струните на виолината ноќни сенки излетуваат од акордите на вердиевиот реквием и им ги бришат челата на публиката лачени ноти скокаат низ историјата и се потат во чевлите на диригентот звуците на животот како лилјаци се удираат од ѕидовите на вечноста од суво усте лушпе ореово се разлева кон реката вердиевата чаша вино отаде реката последна причесна и школки на суво - на клапнатите музичари им намигнуваат.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Камилски беше вистинскиот диригент во пакувањето на мноштвото книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)