добровечер ж.

добровечер (ж.)

И едно се приближил пред нив, им се поклонил со рацете на градите и ја наведил главата пред нив без да им рече добровечер.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Од кај ќе знаат овие луѓе, си рекол Силјан сам со себе, по мојот јазик, за да им речам добровечер“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Море што не проговориш, бре Силјане, да речеш добровечер, му рекол мажот, или помози Бог?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Илко ги врза маските долни крај, ја извади торбата со здравотоживо, ја остави ластегарката кај дедо Петковата и се приближи до огништето: — Добровечер, дедо Ристе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море ми, добровечер, побратиме! (макар да не е уште ни пладнина!).
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Добровечер, Суло ага! — викна од врата Калешко, кој не еднаш му бил гостин на Сулиман-ага во Лагот и му испил некоја и друга ока ракија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Добровечер, - смирено рече нечеканиот гостин. Дедо Бошко го отпоздрави низ заби и тргна по него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Добровечер! - се чу по малку неговиот глас.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Добровечер, маестро! Го поздрави директорот на барот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Добровечер, Толе, добровечер, домаќине, — го отпоздрави Апостол кој многу ги ценеше овие самородни и смели борци и војводи во чиј ред и тој спаѓаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Добровечер, чичко! — Дал ви бог добро, синко!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Добровечер, господа војводи! Добре дошле во куќата моја!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Добровечер, добровечер - секој секому да рече.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Убавото поздравување е начин да бидеме поблиски едни со други, подобри, почовечни, па затоа, добри мои читатели, сѐ да сториме та насекаде и секогаш да се слуша: ДОБРИ ЛУЃЕ - ДОБРО УТРО, ДОБАР ДЕН, ДОБРОВЕЧЕР!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Добровечер - откај река песнопојка жаба крека.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Добровечер, велиме. - Добровечер, вели, која мака ве донесе?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Туку гледате едни се качуваат, други слегуваат. Ни доброутро, ни добровечер, секој си е сам. Глувте.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ја поздравивме сите во еден глас, кога наближивме и мама ни рече - Добровечер - и нѐ праша како сме поминале на роденденот кај Драган.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Онаа Илинка, жената на Крсто касапот, не знае ни доброутро да ти рече, ни добровечер, а со неа разговор да поведеш како по коприви боса да прошеташ.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Добровечер, добровечер. Добровечер, добровечер. Здраво. Добровечер. Се изредивме со поздрави.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе