додели (св.)
Македонскиот народ не толку има нужда, барем сега-засега, за официјален јазик на мнозинството, за генерал-губернатор од народноста со мнозинство и за слободен печат, колку: за отстранување или парализирање на дејноста на националните и религиозните пропаганди; за отстранувањето на непријателството меѓу приврзаниците на разните национални и религиозни пропаганди; за отстранување на таа недоверба и обособеност што е сега меѓу македонската интелигенција воспитана во разни балкански државици и им служи на религиозно-националните пропаганди во Македонија; за официјално признавање на македонската народност и за внесување на името “Македонец” во нуфузите и во другите официјални документи на лицата од словенско потекло во Македонија; има нужда за земјиштен дел, како што на селаните им беше доделена земја при укинувањето на крепосништвото во Русија, Галиција и во др. земји.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тогаш на Арсо му препиша да ја изедува храната што му се доделуваше секој ден - некоја сивкава посна чорба и пченкарен леб сличен на добро препечена цигла.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
12. НЕ МЕНУВАЈ ГО ЗБОРОТ КАКО ВРЕМЕТО ВО МАРТА - ново правило не е воведено во играта стара за во следната тура да ти се додели карта со која би го коцкал него како ситна пара...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Коста веќе четири месеци му е доделен на овој човек кој за фронтот знае онолку колку што чита во весниците и колку што му раскажуваат оние што се враќаат оттаму.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Те доделија од командата како мој шофер или не?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
За припомош, само додека ја натоварат бомбата на колата, му доделија двајца копуци, но силни мажи, како него. Алекса Ризески и Дикса и Бориза Енда.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
5. Ми го доделија курирот Цветан од Мала Преспа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Значи, доколку Конференцијата имала намера Манастирот да ѝ го додели на Албанија, тоа децидно ќе го кажела Одлукава.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А вестите се редеа: Конференцијата на амбасадорите во Лондон, врз основа на извештајот на Комисијата на 6 декември 1922 година одлучила спорната зона да ѝ се додели на Албанија.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Укажа и на мислењето на рускиот цар Николај II, кој во тоа време изрично барал од Конференцијата на амбасадорите манастирот Свети Наум, како словенско светилиште, да му се додели на Кралството Србија, а со што се согласила и Австро-Унгарија...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Горе на чело, меѓу нив, црна точка е претседателот на Републиката кој искрено се радува заради чинот што му претстои, чинот да ми ја додели лично највисоката чест што воопшто може да се додели: забратката за вонредни заслуги.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Така е кога во комисијата ќе ви доделат неписмени кадри.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
7. На луѓето коишто чувствуваат дека им е грабнат нивниот сопствен социјален идентитет, прафашизмот им доделува една единствена и најчеста привилегија: дека се родени во иста земја. Тоа е извор на национализмот.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
За да има дословно значење, реченицата мора да изразува или вистинита или лажна елементарна пропозиција, која им доделува извесна дистрибуција на вистина или лага на елементарните пропозиции.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кога после војната Бојс се врати во Клеве беше одликуван со орден со златна лента која се доделувала на ранети, поради тешките рани што ги добил за време на борбите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во многу случаи животните го добивале спорот, и како резултат градското собрание коешто ги предало на суд морало да им додели одштета во форма на парче земја врз кое можеле мирно да живеат не загрозувајќи го животот на луѓето.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ракијата ме фаќаше полека ама сигурно, оти сонцето биеше ужасно; некој понуди и тревка, и јас, ненавикнат на неа, во еден миг видов светлина; помислив дека таа светлина не е од овој свет, дека тоа ми се јавува Бог; беше тоа светлина виолетова, еднаква во сите свои делови, совршена, постојана, оти не беше една во едно време и инаква во друго време, ниту за едни убава, а за други грда; беше тоа светлина преподобна; помислив дека можеби веќе сум во некој друг живот, дека сум умрел и дека ми е доделено некое ново тело; верував во реинкарнација, и таа помисла ме возбудуваше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Рече дека таа идеја ја дала Луција, како култ- координатор на целото училиште и на Партијата, и дека наградите (три: една прва, една втора и една трета, во парична вредност која не беше за потценување), ќе бидат доделени на денот на врачувањето на дипломите, на самиот крај од нашето четиригодишно школување.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во паробродот му била доделена кабина во втора класа, која била над нивото на водата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Бидејќи со тоа доверената ни задача а и нашите животи беа доведени во опасност, јас му наредив на нашиот човек двајцата да ги ликвидира заради што му го дадов моето лесно оружје што Вие ми го доделивте поради поголема практичност во извршувањето на нашата специфична задача.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)