долгоушко (м.)
Еден безумен долгоушко, кому што храната не мораше да му биде крвава, кој можеше да се засити и со неколку избрстени стебленки, сам, под таа месечина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, рожбата на онаа набиена темничина, која знаеше и толку да уплаши за веќе да не постои никаков завет, зад кој би можело подлабоко да се засолне, тоа животинче, што сега ќе беше уште една жртва на сета расплисната и ненаситна глад, што се клештеше со своите завивања по сета снежна пустелија надвор, ако не беше неговата врата, тој долгоушко, со своите кревки, растреперени високи ножиња, не можеше толку бргу да го заборави оној, што беше останал да крчи од другата страна на вратата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сузан Хејворт, Клерк Гејбл, Душко Долгоушко. Холивуд - ти последна бајко за големите деца, почивај таму крај големата вода!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)