домашен м.
домашен прид.

домашен (м.)

Домашните, село, селани, го пречекаа како што се пречекуваа божовен човек и сите со почит го поздравија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само што влезе во градината слушна како неговите домашни се враќаат весели како никогаш порано.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Неговите домашни тагуваа за изгубеното богатство.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Дома не најде никој. Изгледа дека сите домашни беа истрчани да грабаат злато.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Уште кога татко му рече дека бегот тропа, тој се наежи, но присуството на сите домашни, особено на мајка му, го закова во ќошот до ноќвите и само стоеше и слушаше што ќе сака сега овој „пес" во невреме кај нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислам на куќата и сите домашни ми излегуваат пред очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секој е зафатен со својата дома и домашни, секој сака да ти го раскаже животот. Од крај до крај да ти го раскаже.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Море колку многу е себичен човекот, си мислам, колку брзо заборава на своите домашни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Крсте им нареди на домашните да носат шест недели црно за Благуна, а потоа сите жители на Потковицата ги обиколуваше и ги наговараше да се согласи да го примат Видана нивни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но кога пропеале трети петли и ко почнало да се разденува а Бошета уште го немало да се врати, стрико Никола сиот се вомјазил да не му се сторило ништо лошо и заедно со стрина Николица и со Атанаса ги разбудиле сите домашни и сите зедно, со запалени вивки и гламни, истрчале на срецело и надале гласови, троа навистински троа од навал, за сите да чујат каква нова несреќа ги снашла и да тргнат да го бараат Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога се врати од војска, по три години, не поседе в град ни три недели, туку еднаш, во делник, сред лето, во време жетва, неочекуван од никого достаса во Потковицата; првин бил дома си, се видел и се избакнал со деда си Блажета, потоа собрал фотографии од сите домашни, и - се огласи од Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој Антуш Крстин и сите домашни ќе се во коцката слични на преголеми заробени молци во илјадагодишен калибар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги исчисти и трњето околу борот во средината на градината под која седеше дедо му, па и сите негови домашни. А и тој често.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А кога почна почесто да се огледува на огледалцето што го носеше во џебот и да забележува некои промени на лицето: мали влакненца израснати под носот и на врвот од брадата, мов и расцветани мозолчиња по лицето и кога почесто го вадеше чешлето да се чешла - сфати дека му стасало времето што неговите домашни толку нестрпливо го чекаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На заточениците им било забрането да излегуваат од затворските соби заради перење на облека; не им била давана помошта што доаѓала од дома, а не им била праќана и поштата наменета за нивните домашни; им бил даван пресолен леб, а не им било дозволено да пијат чиста вода; им била скратувана лекарската помош и друго.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јас бев во куќата, со сите останати домашни, а без неа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нејзините домашни сѐ помалку ѝ беа од помош; старите старееја, а браќата и сестрите ги зафати бранот на градскиот успех па си ја гледаа работата и живеачката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
2. Тодора беше едно азган чедо. Родена најмала, меѓу девет сестри и еден брат, го правеше последниот детски џумбус низ куќата, и баш во време кога сите домашни беа научиле тоа да го трпат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
БОРИС: Се стори. (Си тура себеси.) Тебе Матеја не те нудам, ти си домашен, лесно е со тебе. (Ја крева чаша.) За мир во светот. За американско-советската дружба. За радост и убајна.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
На Бадник, празникот кој им значеше живот на моите домашни, бидејќи редовно се колеше по едно живинче, оваа година на мојата трпеза се најде едно младо, невино, штотуку од цицка оттргнато јагненеце, сирото толку се беше смалило од печењето што целото така расчекорено со сите четири, го собра во тавата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Повеќе