досаден прид.

досаден (прид.)

Старата позната песна здушено в неврат се слива. Досадна сива магла, досадна песна сива.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Летав носен кон бездни, кон неизвесност;зад мене не остануваше ништо освен мртви приказни згрчени призрачно под мрак, удавени во досаден мирис на етар.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Досадно ми е и некако пусто во душата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А каде не е досадно и каде не е пусто? Треба човек сам да умее да си ги најде радостите на својот живот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ЛУКОВ: Стануваш досаден со тие твои... шеги. Не наоѓаш ли дека не им е местото овде?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тоа дете понекогаш, навистина, стануваше досадно, но не можев ниту да му се налутам, ниту да викнам по него.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Хејс: Поентата на ова е дека ако Серл, во неговата соба или со неговата огромна меморија, само поминува низ овие правила свесно, велејќи си дека ова е досадна работа и чудејќи се заради што е сето тоа, останувајќи притоа човек, тогаш јас би тврдел дека тој всушност не ја имплементира програмата, а ако програмата не се извршува, недостатокот од разбирање, доколку постои, не е од никакво значење за нашата компјутационалистичка позиција.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
-Тие се досадни. -Тие ја мразат убавината.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Хармонија е предмет што треба да го положам во септември ако сакам да фатам услов за трета година, а колку е досаден и тежок, поим немаш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Претпоставувам, досаден. - Да. Само не знам зошто мудроста редовно оди со здодевноста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во ВЦ-то се задржа долго, заради стомачните проблеми, а и затоа што му беа досадни собраниските натегања.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Девојка на дваесетина години, со гранка скршена од поблиската црница, мавта лево и десно – ги тера досадните муви.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имав двособен стан, не толку убав како овој во Скопје и секогаш полн со гости. А тука - досадно.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Си реков да тркнам до бифено да мавнам 2-3 коњака да ме релаксираат од досадните куротресачки дрдорења.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Потоа доаѓаат морничави ноќи, долги и досадни.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Играта во која влегувавме, голи и топли, беше единствениот начин да го скријам чувството на сожалување кон Ема која таа тмурна ноќ во која паѓаше студен дожд (впиени еден во друг слушавме како се исцедува и во рамномерен интервал тропа вода во олукот, а потоа се распрснуваа на плочникот, како кога марта упорно настојува да ја продолжи до некаков бескрај досадната морничава зима), беше нестварна и лесно предадена на мракот, во обид (не рационален, во тоа бев убеден) да и се открадне на стварноста и да заживее нов живот, во некој негов сѐ уште неоткриен дел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дејан велеше дека никој не сака да ги чита списанијата на секретаријатот, од едноставна причина што се премногу досадни.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но јас упорно се залепив до неа и бев толку досадна што на крај таа ми кажа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ми беше досадно да седам цело време па постојано излегував во долгиот ходник од вагонот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Досадно ми беше. Тивко ја отварав вратата од купето, излегував во ходникот, гледав низ прозорецот и пак влегував во купето.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Повеќе