дослух м.

дослух (м.)

Со тоа сите поранешни договори и спогодби заклучени од страна на Србија со балканските држави за поделба на Македонија престануваат да важат, а српската пропаганда во Македонија, најчесто во сојужништво со грчката и во дослух со Турците поведува остра борба против „бугарштината“, а за србизирање, односно грцизирање на Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За нив сите знаеја, и христијаните и Турците, дека носат оружје со себе, дека се во дослух со горските самовили и духови и, воопшто, со дивината според чии недофатливи закони честопати и се однесуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со неколкуте провокативни тези (особено за вината и судбината на идеологијата) кои се во дослух со горливите прашања на нашето време, оваа книга предизвикува вистинско освежување на по малку заморената македонска теориска сцена.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Значи, можеби растечкиот куп книги и часописи крај мојот кревет е добар знак; можеби сигнализира смрт на идејата за културно владеење (кое често е во дослух со економското и политичкото владеење); слично како и менувањето канали, можеби и тој имплицира обновено почитување на личното искуство и личните желби, наспроти „мудроста“ на културните гуруи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но, не баш дух, бидејќи овој е премногу интелектуален за вкусот на поголемиот дел од една генерација скептична спрема „профаното” рационално мислење а склона да верува во квазимистичната моќ на интуицијата и екстазата, туку повеќе „душа” - орган на некој неодреден начин поврзан со „духот”, но, за разлика од него, благородно усидрен во чувството, коешто е или нурнато во сепроникнувачкиот elan vital a la Bergson, или е во дослух со севкупниот Космос, односно со вечноста, така што овој експресионистички орган - духот или душата - во секое време има, под услов доволно да е огнен, непосреден пристап во бесконечното.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тие се сите во дослух со империјалистичките газди...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Постојано бев во дослух со гласовите што идеа однадвор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
5. При самрак прстите се поткреваат ко крв на полна месечина во дослух со мракот играат вешто ко срамниче-трепетлика ко око, нерв, ко звучен бран стрепам стрпливо на Марсовиот брег - црвен белег си ја менуваат ли боите симболиката предметите бојата луѓето - предметите?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
(напати ти се привидуваат пештерните манастири околу Белото, лихт луминозно езеро - она понасевер од Делфи и од Костур - светилиште само по себе облиено со внатрешен сјај од белки на монахинка среде коишто, во драматичен контраст се вовира зеницата, духовниот рез); - многу мислиш, а малку искажуваш јазикот за тебе поскоро е молвење од разговор, сѐ е ВНАТРЕ и ти, и Тој, и исказанието и дослухот меѓу вас и предметот дури се вовлекува во тој, невидлив за другите, Круг; - и повеќе не правиш разлика меѓу искреноста и вистината со денови се повлекуваш во себе секнуваш, понираш, остинуваш стаписан, онемен, оти си согледал: не е лесно да се биде искрен!; - и повеќе не е битно дали нешто те повикува без престан да му припаднеш, сестро Варваро или просто посакуваш од дното на душата од нејзината небесна бездна да постоиш блажено во согласје со себеси и навистина повеќе ништо друго не е суштествено освен: да ја бараш сопствената сенка сѐ додека не си соѕидаш самица а во неа си - Лице без сенка: м-о-н-а-х!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во постојан дослух со еротиката на творењето жив, а смртен свет - се претворам во книга на промените го менувам името, ги трампам симболите и приказбите, луѓето ги давам кастингот го алтерирам но улогите остануваат!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Варуна е твојот спасител сега Нека не бега самосвеста од твоето измачено тело Не е нова веста дека ништо не е сосема бело Митра ти што правдини делиш за секого исто Биди ми водич на моето несвесно Јас Ти кој ја познаваш магијата на духот Во дослух со мојот ум Всади ми почит Во очи со вистината
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Бегот преку свои луѓе беше во дослух со владиката и не му беше непознат разговорот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вук Караџиќ, како исклучителен лингвист на своето време во дослух со европскиот лингвист од тоа време Јернеј Копитар, веруваше дека побогатиот лексички фонд на еден јазик има поголеми можности да продре во најразличните семантички нијанси.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски почувствува дека разговорот оди видливо на негов терен, на подрачјето на кое се чувствуваше најинформиран, а беше во дослух со генезата на балканското јаничарство, па се надоврза на размислите на Татко: За да се ослободиме од духот на јаничаризмот на Балканот и за да ги спасиме идните генерации, посебно нашите деца, ние треба да ја разбереме неговата генеза, но затоа ќе ни бидат потребни многу време, многу книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)