дремлив (прид.)
Дотогаш намовнатите дремливи мисли се апеа под неговото теме во врела темница; нивното долго и продорно пиштење избиваше во остри бликови низ ушите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Поарно ќе биде додека му се врати присебноста Арсо да остане на ковачкиот мев, работа мирна и дремлива.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И таа доаѓаше, и овојпат ноќта влета во неговиот прозорец, бесшумна и невидлива, а кога се освести од дремливата занесеност со таа книга, во прозорецот веќе беше црно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Попладнето, во дремливата долина, во напластената тишина, како остра пила се засече автомобилско брмчење. Шумарот, кој друг!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Набргу пристигна и стриче Силе Николоски. Беше дремлив, од кревет го кренале, по влечки дојде, бос, така како што се затекол.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Колку тешко сум ја пробудила рамнодушната и длабока дремливост на очите што ме гледаа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како и ѕвонливиот кикот на итрото ангелче; само некои сини, проѕирни вертикали, ѕунливи како трепетливите струни на носталгичното чембало, се извишуваат пред моите дремливи очи.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
„Сѐ ќе биде в ред“, си рекол себеси, неуверливо, додека замавнувал со крилјата на долгиот пат под утринските ѕвезди, над дремливите селски брегови осветлени од месечината, зад градот Мелин.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тоа третата рударска група го извлекуваше дремливиот Шарлаган- кан за да ја помине ноќта во некоја куќа- бунар, со другите гардисти.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Од удобен сонувач да не се претворам во дремлив кодош Кој нема што да прави та слуша туѓи муабети Поточно ми беше непријатно од туѓите муабети
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)