духовен (прид.)
Таа ги просветува помрачените од лагата на гревот, тој јазик источи слатки и животворни зборови, тие пречесни усни расцутија со премудрост, неговите пречесни прсти поставија духовен органон и го украсија со златозрачни букви, со таа богогласна уста се напоија жедните за божји разум, со неа мнозина се насладија со животворна храна.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
од Климент Охридски
(1754)
Затоа, да биде блажена твојата уста, о блажени оче Кириле, од неа на мојата уста се источи духовна сладост.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
од Климент Охридски
(1754)
Во слободните балкански државици, одвреме-навреме, македонската интелигенција, без разлика на пропагандите, треба да организира свои македонски собири, на кои ќе се разгледуваат и ќе се решаваат прашања за духовниот и националниот расцвет на Македонците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
26. Весникот “Право” (2.11.1894 – 13.3.1903) се печати во Софија, првин како “Орган на политичките и духовните интереси на бугарското население во Турција”, а завршува како “орган на македонско-одринските интереси”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
92. Но тоа духовно движење на Македонците не ѝ се бендиса на бугарската стамболовска влада, којашто забрани да се издава „Лоза“ и фати да ги гони Македонците сепаратисти.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Дедот поп го ислуша коџабашијата и рече дека и тој одамна размислува, а кога, ете сега, тие сами го поткреваат тоа прашање, тој реши веднаш да им ја исполни желбата и да им го покаже својот наследник, на кого мисли да му го остави своето духовно стадо.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Очите на Шими Алберт, акробат, со две физички и две духовни лица.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- За мене жената секогаш е оличување на нешто повисоко... - Не постои духовна без физичка потреба.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сликата – една од водечките и најценети достоинства на современата македонска поезија е облик низ кој мислата се мачи да го скамени невидоизменето нашето некогашно време; впечатлива слика на разделбата со оние што одеа на туѓина, сликата на велигденското оро, сликата на жетвата се составки на духовниот пејсаж на македонската географија и обраќањето кон неа не значи враќање кон нејзиното време туку протест кон духовната унификација што произлегува од нашата инертност.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
- Јазик, слобода, дух, непобитно е, дека феноменот на јазикот не може да се заобиколи, дека тој претставува апсолутна материја на поезијата, дека е стожер околу кој кружат и музичкото и ликовното и мисловното и духовното и самото време, најпосле.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Во селото што го носи во себе Чинго, веќе се пробиле и елементите на онаа цивилизација што до пред педесетина години немаше никаков пристап во духовната сфера на народниот раскажувач.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но таа, верата, не ги интересира нив, грчките попишта; сакаат да ги држат Славјаните во своја духовна власт, да ги погрчат и тие да ги собираат даровите и парите што ги даваат верниците.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Никогаш, никогаш во својот живот не натрапал, на некого или на некои, за кои му се стори ако не со машка снага тоа со духовна можат сѐ и секого да го здробат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На 28. 2. 1870 година, со царски ферман од грчката Патријаршија беше издвоена една посебна верска јурисдикција - бугарската егзархија кон која, за да се заштитат од насилството од грчкото духовништво и за свој автономен духовен и културен развој, многу славјански општини се приклучија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Totus mundus agit histrionem – магијата на младешките сништа, играрии, вилински карневали, на мангупски царчиња и шумски духови, на слаткото травеститетво, кога вљубеноста е Атлас, но атлас кој и покрај силата е незапирливо нежен, а светот на новите облици заличува на нестварниот свет од бајката, низ кој талкаме полни со духовна и физичка кондиција и приемчивост – и сега во овие исечоци, во оваа шкрта милост на сеќавањето, поттикот е еднакво жив.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Идеолошка настава, што се вели, и воена и духовна обука.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мора на нив објавата на моето предавање да им се видела како можност да присуствуваат на мојот духовен закоп.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Всушност моќта на чипот е пренесена од духовната моќ на човекот иако тој не знае ни како ја добил ни како ја изразува.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тој чип, тој лост во човекот е преземен од духовната супстанца што е содржана во универзумот, во стварноста, во земјата на која луѓето живеат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Силвана Симоска, универзитетски професор по германски јазик Семантичката единица односно конституентите (лексемите) на глобалната метафора Времето на козите во наративниот модус на книгата на времето на тоталитаризмот (сталинизмот), асоцира на оние луѓе кои преку жртвите кои ќе му подигнат храм на својот духовен и идеолошки водач.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)