еволутивен (прид.)
Сепак некоја идна капетанова ќерка повторно да повторно ќе ги засака огреаните тела на непостоечката дивина... едно пливачко попладне или дали еволутивниот премин од водата кон копното претходно подразбира ист таков напреден чекор во спротивна насока ...влези во водата зарем не гледаш дека крвариш се насмевнува тате секогаш во право потрчај кон лековитите бранови нурни се јас со силното татковско тело ќе те дочекам ќе те сочувам од рефлекторите го намокрувам стапалото поспано ме допираат водените стопрсти мојата црвена крв потечува низ нивните сината низ моите вени нагоре над коленото толку лесно не боли тато пази на сѐ риба сум малечка засолнета во устата на таткото поаѓаме по топлите струи кон југ кон југ кон југ... но што сега се насмевнува ако те исфрлам од утробата до кога ќе се сокриваш во мене до кога ќе бидеш глува слепа ме турка ме истуркува од себе немој врескам тој немилосрден е немилосрден е ме протерува пливај сама нуркај сама храни се сама љуби сама греши сама сама сама... повторно на брегот на карпите со сонцето на влажниот стомак го чекам да се врати од водите од подводните пештери да ми ја залеп левата шака на старото место потполно сочувана сите живци капилари мускулчиња секое движење стисок допир само тате да плукне на раната ќе се врати отсечената шака пак ќе су негова негова негова негова негова...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Вашите глупи емисии и весници и книги и лова и коли и вашите спортски клубови и вашите кафеани и вашите манири, семејства, врски, министерства, вашата тивка подмолна омраза што блика на секој чекор кон „шиптарите“ (а јавно, најбедни кукавици, ниеден од вас, фашистоидни дебелковци) нема муда да формулира ма барем и малку подрастичен „десничарски“ став, а се шлепувате на цели контра- идеологии ко најниска можна животна форма, за вас и вирусите се еволутивен чекор напред. 10 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Човековото општество достигна точка на пресврт со делувањето на дигиталните програми на еволуција, точка во која следните еволутивни чекори на видовите ни стануваат очигледни, можеме да сурфираме по желба.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сепак во сето тоа недостигала една клучна особина на еволутивните процеси: соработката.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Она што возбудуваше во целата таа работа (а јас подоцна го најдов во една француска книга на еден познат антрополог, што ја купив во Париз, при едно гостување на циркусот), е што партијата на Луција нѐ врати назад, на едно порано еволутивно општествено скалило: во добата на примитивните, со транс и еуфорија опседнати општества, таканаречени дар-мар општества, каде основни форми на општествената комуникација се маската и трансот; пред тоа живеевме во таканаречено општество со книговодство, во кои мимикријата, маскирањето и занесот исчезнуваат (затоа комунизмот беше помалку жив, одвратно немагичен и црно-бел по однос на општеството што го градеше партијата на Луција) и се повлекуваат пред компромисот меѓу наследството и способноста, кои се два основни фактора што ја определуваат иднината на единката во тие општества.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Внимание, внимание - инцест и прељуба во еволутивната ниша на цицачите!
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)