еднина ж.

еднина (ж.)

— Ќе зборувате само во еднина, ме опоменува Пенделеев.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сам, со неколку телефонски повици оддалеку пишувам во прво лице еднина против трето лице множина.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Основната единица е во еднина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не постои Бог (еднина) вон тебе самиот во одреден момент.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова мора да биде разговор меѓу мене и тебе, затоа раскажувам и понатаму во прво лице еднина („Јас“ си Ти, и јас!): најдена среде ѕидините на манастирскиот двор излегов од себе, негде вон, неволно и брзо-брзо се прибрав како зрна жито расфрлени за колвање збирај-збирај, не се дособира!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој јазик имал седум падежи за еднина, множина и двоина (дуал).
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не исклучувај го првото озлогласено дехидрирано лице еднина, но можеш ли да бидеш лична и во туѓо име, да имаш царска Ние-тага избегнувај го, во формална смисла на зборот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во прво лице еднина, изворно ќе ви го раскажам испитот...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Множината бргу станува еднина.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)