едногласен (прид.)
— Ние се спремаме да одиме во Бугарија, да ја поразбистриме работата, но во тоа прашање не сме едногласни.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоа е едногласна одлука за Здружението на проматарите.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Бевме едногласни: да си ги земеме велосипедите, божем ќе возиме низ нашата населба, а јас да ги понесам и тениските рекети, можеби некое од игралиштата во паркот ќе биде празно, па ќе нѐ пуштат да поиграме без пари. Така и сторивме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Размислувавањата на македонските дејци за приопштувањето на творештвото на Христов беа едногласни.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)