езотеричен прид.

езотеричен (прид.)

Овие езотерични (бесмртност) и алхемиски (женскоста) поими, синтетизирани се во секојдневниот израз l’eternel feminin (вечното женско), со кој се дефинираат трајните особини на женската психологија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оригиналното езотеричко значење на темјанушката и до денес е сочувано во жаргонскиот израз „pansy“, со кој се означува феминизиран маж или машки хомосексуалец (егзотерички пандан на езотеричниот хермафродит или андрогин).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во сликарството неговиот пат одеше од илустратор и дизајнер до ексклузивен портретист, а во филмот обратно, од езотеричен авангарден автор до продуцент на комерцијални филмови и видео-спотови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но поради тоа што остават уметникот самиот да ги објаснува своите дела и со термини од неговиот личен метафизички систем - еден брилијантен микс од автобиографски цитати, позајмици од езотеричната доктрина на Рудолф Штајнер „Антропозофија” и делови од митови, алхемија и природни науки - не беше создаден убедлив естетски аргумент за уметноста на Бојс.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бојс го бараше овој универзален јазик во уметноста. Тој не беше езотеричен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Езотеричната мистика на буквите на раната ориентална антика пред сѐ е (како и кинеската) теогностичка.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Единствено прашање по повод едно такво патување: до каде можеме да одиме во истребувањето на смислата, до каде можеме да навлеземе во пустинската иреференцијална форма а да не пукнеме, но притоа, се разбира, да ја сочуваме езотеричката привлечност на исчезнувањето?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Добро, има во вашите писма и извесно количество фактографија, информации и баналии од сите видови, кои вашиот епистолариј неизбежно го приземјуваат во просторот и во времето (внимавај, кај Тебе ги има неспоредливо повеќе отколку кај неа!), но вашата специфична, сосема езотерична и (белким и затоа!) мошне интензивна релација не се воспоставува, триж помалку должи врз нив. Туку исклучително врз длабините на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сите сетила се отворени за да ја впијат во себе магијата на страста, како патување низ некои други димензии, непознати и езотерични простори.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со чувствата создаваме магија, мигови на очовечување, ги отвораме сетилата за да ја впиеме страста, надежта, мирисот на животот, патуваме низ некои непознати, волшебни, езотерични простори, сосема нов свет на поспокојно живеење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)