ексклузивен прид.

ексклузивен (прид.)

Јазикот на теоријата на информации исто така често се применува на билошки системи. Rychlack прави особено чудна грешка во своето инсистирање дека компјутерите се ограничени на она што тој го нарекува Булова логика, којашто тој ја карактеризира со користење на исклучителната (екслузивна) дисјункција.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Од улиците и клупските простори, па до стадионите, врвовите на Billboard-овите топ листи и екслузивните модни ревии, на кои Ралпх Лаурен-овите манекенки ги покриваат своите аргументи со широки, карирани, фланелски кошули и со вештачки изветвениот jeans, grunge е незаобиколен термин и пожелна декларација.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Иако вистинскиот облик на „логика” на компјутерскиот хардвер всушност нема подлабоко значење (како што подолу ќе објасниме), таа е, во секој случај, обично карактеризирана со инклузивна наместо со ексклузивна дисјункција.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
(...) Со појавата на пангерманизмот Гетеовото воспитно влијание во Германија се гаси: сведувајќи ја културата на ексклузивниот култ на праисконските сили, Volksgeist-от победува и, притоа, ги разоткрива своите тоталитарни потенцијали.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во сликарството неговиот пат одеше од илустратор и дизајнер до ексклузивен портретист, а во филмот обратно, од езотеричен авангарден автор до продуцент на комерцијални филмови и видео-спотови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сликата ги покажува необичните склоности на неколку генерации на тогашното, политички толку хаотично раздобје во Европа: склоноста кон настраното, ексклузивното, екстраваргантното, скриеното од онаа страна но постоечко во рамките на физичката, „природна“ стварност, па и за издвојување од друштвото, тежнеењето кон една посебна аристократска позиција.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Одбрани луѓе, во ексклузивен хотел на морето, коктели, прошетки, приеми од страна на министри и градоначалници, возење со посебно закупен брод, размена на книги, телефони и адреси.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На трагата на религиозното чувство Кроткиот тон во кој веруваме, и потрагата по вистинитоста која ја надраснува и самата стварност, нѐ внесуваат во еден ексклузивен раскажувачки свет во кој царува онаа старовремската побожност која со векови била стожер на нашето битие.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ова покажување на државноста на ниво на спектакл го симболизира напорот на секоја држава да одржува ексклузивна контрола на својата половина на граничната зона, правејќи ја границата основен симбол на својата сувереност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Токму во моментот кога целосно замрзна, маалската алапача Мара се јави во локалната телевизија, раскажувајќи им на новинарите ексклузивна приказна за полицајци-канибалисти.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тие беа ритуал на култ во кој тој веруваше дека тој и Рози беа ексклузивни поклоници.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Согласно таквите процени на состојбите на Балканот, тие укажувале дека „пактовите и договорите, особено оние од ексклузивна природа“, би требало да го причекаат времето на стабилизирање на политичката ситуација и на воспоставување рамнотежа меѓу балканските држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секое јадење беше служено во посебен ексклузивен прибор за јадење.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ме убеди да работам на рецепција во неговиот ексклузивен салон за разубавување.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)