екстремен (прид.)
Големи дози на ПЦП можат да предизвикаат екстремен пад на крвниот притисок, крутост на мускулите, губење, кома и смрт; жестоките агресивни испади се исто така чести.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Неговите симптоми се: екстремна стимулираност, забрзан пулс или забрзана работа на срцето, остри болки во градниот кош, тешкотии во дишењето, тресење, потење, грчење на мускулите и воопшто вкочанетост.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во случајот на денешните постколонијални земји, кај многу од нив во Третиот свет, национализмот може да стане оправдување за многу работи, како на пример за: укинувањето на личните слободи, еднопартискиот систем, диктатурата на армијата, култот на водачот и различните форми на екстремна ксенофобија.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Негативни искуства: Дури и во мали количества, амфетамините го забрзуваат пулсот и крвниот притисок и можат да предизвикаат екстремна вознемиреност, претерана осетливост, нервоза, импотенција и во некои случаи, делириум, паника, халуцинации и чувство на прогонување (амфетаминска психоза).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Така секоја уметност е облик на драма меѓу два екстремни пола: раѓањето и смртта, токму како што и животот е драма.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Порнофилмовите (увоз од Скандинавија) како и поп-артот (увоз од Англија), значи, беа европски изуми, кои најплодното тло го пронајдоа на американскиот пазар (кој беше поподготвен од нивниот). Couch изгледа екстремно аматерски и во склопот на Ворхоловиот опус.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Она што е на дело сега во Европа е екстремниот раст на миграцијата.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Значи, во поглед на монтажата, Ворхол е радикално екстремен: некои негови филмови се одигруваат во реално време; тој се откажа од тенденцијата со монтажата да создава „виша” стварност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Затоа можеби и бев понекогаш екстремен во своите размисли за верата: или радикално го отфрлав постоењето на Бога или, во време на несреќи, кога ги губев најблиските од семејството, кога животот ми ја немаше смислата што би ја имал со нив, дури бев готов да ја проколнувам судбата што останав верски откорнатик...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Можеше да ја замолчи темнокосата девојка, само да дејствуваше доволно брзо; но токму поради екстремната опасност во која се наоѓаше, тој ја загуби моќта да дејствува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- странските негативци (читај: терористи) се Руси и други екстремни Словени, по некој Германец, Арапин и жолторас, а домашните се поединечни психопати, оптоварени од трауматичното детство; - двојниците на странските политичари – Горбачов со бемка на челото, Садам Хусеин, папата или Далај Лама се омилени епизодисти во пародиите и комедиите; - на крајот од филмот, странскиот криминалец експлодира со стариот дворец (странски), храмот (странски, древен) итн.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Двете екстремни карактеристики беа на едно место.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Слободата на движење екстремно е ограничена, а од страна на новите газди се демонстрира неверојатна строгост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
И да ти кажам, ич не ми е чудно шо се посилна станува и екстремната левица, односно комунизмо, како противтежа на националистите.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Движењата на екстремната десница добива страшна сила: Национал-социјалистите на Хитлер се сѐ појаки, ја присоединија Австрија кон себе, Хитлер беше во Рим, Мусолини воведе антисемитски закони.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Екстремно го менуваат расположението од многу среќа, до неизмерна тага.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тоа беше токму со најмонструозното издание од машка осуетена природа, со екстремна недоверба кон жените.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Првиот, од аспект на тоа што во меѓународното трудово право и конвенционалното право на Меѓународната организација на трудот, кај условите за работа постои одредена дихотомија при правното дефинирање, односно под оваа категорија се подразбираат оние нужни претпоставки пред отпочнување на трудово-производствениот однос кај работодавачот (работни простории, машини, алати итн.), додека под работни услови се дефинира поширок обем на екстремно важни трудово-правни институти како што се работното време, одмор или заштитата при работа, како и физичките и ментални аспекти кои ги изискува работното место, па затоа поумесно би било наместо рестриктивната формулација „услови за работа“ во иднина таа да биде заменета со „општи услови за работа“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Мелодрамата ги зела нивните општествени, финансиски и брачни преокупации како поаѓалиште за прикажување емоции што биле еднакво екстремни како оние од класичната трагедија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)