електроника ж.
електронски прид.

електроника (ж.)

Распространета низ целиот свет неа ја знаеја сите општества – оние кои живееја од ловот и оние кои сега живеат од електрониката.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Затоа големата хала на електрониката беше извонредно интересна, каде што Англичаните предизвикаа атракција со својата телевизија во боја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Електрониката, односно механизацијата и зголемената функционалност на еден вид мебел, беше една од новините во светското производство на мебелот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Електрониката овде на секој чекор е на располагање.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Редовно доаѓа на претстави. Студира електроника или нешто слично. Мила, посебна девојка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога луѓето ќе помислат на електроника, повеќето мислат на телевизиски апарати и на хардвер.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Имаше тука и јамајкански рапери и американски поп-пејачки и многу електроника и семплови и хорови и цигански трубачи...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)