епицентар (м.)
Јас бегам налево, а епицентарот по мене, јас се стрчувам вдесно, а епицентарот пак по мене...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
- Не е духовито - велам. - Затоа и дојдов кај вас. Имено, епицентарот се довлечка по мене.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Излегувам надвор и гледам, ене го, SHRINK епицентарот!
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Атеистичкиот музеј го претставува епицентарот на силниот ментален потрес кој е во состојба да избрише секаква трага на цивилизираниот живот; библиотеката е ненадоместливо наследство на вечната и трајна уметност.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Преку епицентарот во градите, полека се слева како течност. Тука, над папокот и на крајот долу.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Не можам ни да го предвидам, во телово и душава ја чувствувам паниката која ме окупира, епицентарот на случувањата се менува со секоја нова бура од натприродни настани.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)