жалител (м.)
Ако жалителот не ги достави податоците за банкарската сметка во рокот, средствата утврдени со решението за исплата ги префрла на депозитна сметка на Судскиот буџетски совет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, од важни причини, кои мораат да бидат образложени, судот може да одлучи жалбата да не го задржува извршувањето на одлуката (чл. 409, ЗПП) – што, секако, е добро решение во корист на работникот којшто успеал да го добие спорот, особено тогаш кога во улога на жалител ќе се јави работодавачот. в) Законот за извршување Во поглед на присилното спроведување, односно принудното извршување на судските, правосилни и извршни, одлуки донесени во работните спорови, проблематиката е регулирана со ЗИ (2005), 18 којшто е изменет и дополнет во осум наврати: двапати во 2006, по еднаш во 2008 и во 2009, и дури четири пати во 2010 година – но, за среќа, ниту една од нив не се однесува на институтот 17.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Средствата на депозитната сметка ќе останат на располагање на жалителот најмногу една година по нивното депонирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)