желка ж.

желка (ж.)

Поважните настани ги предизвикуваа сивите жители да ги излекуваат главите од своите корупки во кои се таеја како плашливи желки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А желката Поповиќ влегуваше бурно како војник во училницата, киваше и бараше во хор да ги повторуваме последните зборови на убиениот крал: - Чувајте ми ја Југославија!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А тебе ти се чинеше ќе ти дојдат слугинки да ти и гледаат твојте и да ти работат, та запињај да се женат девери ти, желки по меот да му лазат, да даде господ златен!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се женело ли дете од десет години, желки по меот да му лазат?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Чичко. Ако сакаш, ќе ти донесам желка. Можам и рак да ти фатам. - Оди си, ти велам. Не додевај.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Човекот се искриви на една страна но не падна, со инстикт на желка ја завлече главата во својот стан влечејќи го со себе мирисот на детски пелени и прегорено млеко.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ѕирнав од прозорецот што го нацртав на авионот и видов под мене, долу - слонови, лавови, зебри, жирафи, антилопи, носорози. Беа мали како желки.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тој молчеше загледан во желките и жабите што лазеа бегајќи подалеку од казанот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ја извади желката и со прстот милозливо ја заскокотка по вратот и нозете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
3. ВЈАСА КАКО ЖЕЛКА ПРЕКУ УГАР - крене ноже, бутне грутка, еј гиди!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ѝ препорачуваше да пие крв од гулаб, од желка, чај од велебилје, од жалфија, од чемерика.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Полжавката и малото полжавче радосно се прегрнуваа. Ѝ се заблагодарија на добрата желка и ја поканија да им биде гостинка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И што не зашиваме во тие амајлии? Козина од мечка, мечка страв - мене не страв, нокте од штрк, корупка од желка, пепел од дрен. 128
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За каде, желнице, желки мене да ме подујат?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Трчам, се влечкам, ја вадам главата, ја поткревам ко желка од под корупка. Ебати главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Си остарела ко желка, вели, а уште ги криеш годините.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја кријам главата ко желка под корупка и си липам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти пукаат ушните тапанчиња, им пукаат јајцата на желките и на птиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Биле ветроепци: кога не им се работело, местеле по ридиштата примки за еребици, барале рекички од кои со приготвени кошови ќе извадат риба или во шумата покривале со лисја стапици за дивина, па фатиле болвлива лисица и срнец со бел задник. Лапале и полжави и желки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во згрбавеноста бев желка што ќе продолжи да лази кон својата цел дури иако ја носи на својата коскена кора земјата со сите планини и реки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе