жестина ж.

жестина (ж.)

Но се случуваше да згреши понекогаш нешто во работата и мајсторите заборавајќи на неговата поранешна прилежност и трудољубивост, почнуваа со истата жестина како и другите помлади да ги караат и да го навредуваат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со поголема жестина продолжи борбата по улиците на Крушево.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во Арсо се покренуваше жестина да ги изгази овие ломливи и мувлосани остатоци на некогаш високи велможи, понизно послушни пред својот господар, жестоки кон обичните мали луѓе, заплеткани во интриги и измами.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стана, остро зачекори, загледан во светлата реска на прозорецот која избледуваше и тоа како да го дразнеше па со поголема жестина ја излеваше својата огорченост од човечката слабост и плашливост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Талкај по туѓината на Градот, а топол. Не испуштај ја жестината од очите.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Наместената мекост и подбивност исчезна, а некоја отворена и груба жестина, која постојано се надолеваше, почна да ја заплискува одајата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Минаа пет генерации откако Завојувачите допловија до Островото. Малубројните потомци, без жестината и свирепоста на прадедовците, постепено исчезнуваа во морето доморотци.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Виделината нераскинливо ги поврзала раѓањето на синот и смртта на мајката, и додека растел, тој чувствувал како во него разгорува некоја жестина наследена од непознатата жена, која не стасал да ја нарече мајка...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Она што би било нејзин еквивалент по симболичката жестина (што значи од онаа страна на политичкото) би била истата операција која направи незнаењето, распаѓањето на знаењето да го изврши ударот против властите - повторно да ја пронајде таа чудесна енергија, но на сосем друг ниво, на повисока спирала: да постигне невласта, распаѓањето на власта да удри против - поправо, против што?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Зошто со оргазмот, за Егото постои опасност од разградување на психичката сексуалност, која би се распрснала кога врз неа со жестина би почнало да делува недоволно прифатеното биолошко тело.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По мое мислење, расказот што го пренесуваме во Маргина, „Ѓон“, е една од најдобрите студии на нашите менталитети, на нашите судири „провинција- центар“, еден бескрупулозен и себе- разоткривачки расказ кој поседува и сила („автентичност“, жестина) и вештина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
После тоа често им приоѓав близу: прв пат воочив дека златната ларва се разликува; меѓу челустите им го ставав со лак премачканиот нокт што го пуштав да порасне; го посматрав движењето на нивните челусти, краковите на пипалките, главите во форма на череп, линиите што го опашуваат абдоменот и во положбата на оклопот, дури и онака превртен, ја пронајдов жестината на погледот на Гогеновите домородци.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Та затоа бактриската коњица, со сета жестина удрила на Македонците!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Зошто во Македонија се беа помешале младото и старото вино во една мешина, во која се надвјасуваа меѓусебно, па се закануваа секое со својата жестина да создаде што посилен ветер, ураган во чие око се криеше тајната која не знаеме каде ќе нѐ однесе. А таму, во тоа око, кој може да навлезе? ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Најмасовно и со најголема жестина било во битолскиот револуционерен округ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И затоа продолжи неговиот рефрен во Римскиот сенат со уште поголема жестина Картагина сепак мора да биде урната!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ама како што Движењето за социјална правда „Ленка“ нема симпатии и кокетирања кон „жолтите“ македонски синдикати кои се под сенката на државната патронажа, па дури и отворено и јавно ги критикуваме – ние, со несмалена жестина, ја жигосуваме и работничката апатија, односно неподносливата пасивност на македонските работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, на 25 март 1941 година, во весникот „Сан Франциско хроникал“, била пренесена информацијата за демонстрациите во Битола, каде што демонстрантите барале да ѝ се приклучат на грчката армија во војната против италијанските фашистички агресори и дека во „Скопје и Цетиње, два силни комунистички центри, илјадници само ги повторија, со поголема жестина, демонстрациите од вчера“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Веќе тешко можеше да се контролира неговата алчност, спржуваше, правеше изгореници, палеше млади дрвца што квичеа под неговата жестина, ја поцрнуваше земјата над која како од шега поминуваше само со краток јазик, жежок, а смртоносен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)