жила (ж.)
Ако ли не, кат пораснеш, ког' јунак ти станеш, срце ти кога затупа, в жили крв заврие, негли, синко, ште отплатиш на мој клетиј крвник...
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Жилите да пуштат корења длабоко плодови да бликнат високо, високо слободно на воздух!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Години црни жили ќе здрват, може и в крвав да паднам бој.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
На мазното чело, рамно над розовиот нос, му набрекна жила, дебел модар молив.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Срцето силно ми биеше и неговото тропање го чувствував во вратните жили и во слепоочниците.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Трети бора на Трибор први го поздравија со своите подароци, а росата што беше на нив пополека се слизгаше од гранка на гранка за да слезе по стебло дури до корен и се скрие на жилите на борот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се завртува ли со тилот кон гостите и се наведува ли да ги наполни чашките од ѓумот, кошулата ѝ се крева и над аловите чорапи и се прогледуваат белите жили под колена. А Бојана отиде уште подалеку: нарочно го разлабави гушалчето и под гушниче ѝ се прогледаа краиштата на градникот, па се прави да не сеќава.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И така со „добро утро" со „живот со здравје", со „аирлија, амин", си дојдоа каде „Волча жила".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И дека имаат повеќе сокови во своите жили.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ми се загледа в очи и со крик што не беше посилен од криците на пауните се потпре со грб на полусува црвенолисна бреза, стана стебло, побрза да пушти жили во земјата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Мозокот сакаше да ги претвори во убијци додека во нив длабоко беа вкоренети жилите на животот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
На твојот корен мојата жила врза расни ме!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Ти додаваш - само една жила со мојата утроба некого спојува.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Земјо, зар не збунува присуството на таа жила што нѐ дели никојпат да не нѐ раздели?
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Гарнетата посилно писна, вратните жили на свирачите пак се напнаа - сите со пеење ја подзедоа песната, саканата песна на домаќинот: „Свири, свири Караѓуле, Свири, свири едно чамче, Да поигра ќира Фанче, Ќира Фанче охриѓанче...“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Зглобовите крцкаа, жилите се затегнуваа до прскање. „Биди мирен“, рече едниот горило. „Биди мирен и умен.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Благо струи низ жилите - целиот ме тресе.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Пашата избезумено гледаше. Крвта му накипе во жилите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На слепоочниците ѝ избиваа модри жилички и го тераа и неа да ја замислува бледа и студено вкочанета.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Отец Симеон ја извади цигарата од уста и се потпре со гради на масата. На челото, под темнината кожа, му набабреа пијавици, јаки жили полни со горка врелина.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)