жнее несв.

жнее (несв.)

Со ноздри раширени 'ржеше коњот во пена - другар во триумфот жнеан; тој гордо ги газеше телата бедни што стенат ... Тажни стоновите беа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Жетвар жнее, в поле клас се рони, солнце пече, зрее жито златно, бујна песна, низ полето ѕвони: „Дејди, Јано, дејди мила душо, дал' навезе Гоцевото знаме!“
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Ни неговото има кој да го жнее, ни моето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А во гората под стрмниот рид малечките планински нивчиња, во кои се жнееше, беа неправилно начичкани еднододруго како кутивчиња редени од невешта детска рака.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во едно од нивчињата на долниот крај, жнееја и Бошковите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Млада, убава, како тетовско јаболко румена жетварка, пченица зрела жнее и песна пее: „Излегол Гоце војвода чумата да ја пропади,“ По сочните зелени падини, ливади и китни македонски гори, пасат белоруни стада.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Низ воздухот трепереше летна омарнина, По пожолтените ниви, млади жетвари жнееја бела како бисер пченица.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Некаде, подолу, некои жетварки жнееја јачмен и пееја: „Горештина, омарнина веќе ми се здодеало“ Трајче требаше да мине преку мостот на реката Сатеска и да премине на другата страна кај Крива Воденица.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А дедо Стамен, кој презимил многу зими, и снежни и суви, кој жнеел многу жетви и добри и лоши, одговори: - Снегот ги штити житата од мразевите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Летно време, во привремените колиби и трла излегуваа од селото и други луѓе, косеа, жнееја, садеа компири, но од доцна есен, па сѐ до пролет, освен во исклучителни случаи, кога ќе наминеа ловци, кога ќе ноќеваше кај некого од нив шумарот или кога ќе им дојдеше некој од дома, старците беа сами, како да се наоѓаа во прогонство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Работиме, жнееме, молземе, сириме... Сеното го собравме, лето е па не знаеш што побргу да фатиш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Може ќе му дојде кусо кога ќе жнееме, ама ќе се снајде.“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Детето е уште нејако, сега, пред жнеењето шест години наполни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако не запалиш огин - нема ни да се грееш. Ако не посееше семе - нема што ни да жнееш.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Првите јажици ги правеа тука во дворовите, на бунарите, и на набодни ги пренесуваа на нивите каде што жнееја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откако ќе ја ожнееја првата ракатка и ќе го отвореа полето, срповите им ги предаваа на тие од кои ги зеле, а сами седнуваат под сенка и плетеа капели, или заминуваа низ полето за да одредат друга нива за жнеење.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секогаш кога, во потрага по Владимира, ќе достасаше дружината на полето каде што тие жнееја, ќе поседеше на полозите а тој, Арслан бег, наредуваше таа, Руса, да им подаде вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пред тоа им рекол на другите да сторат онака како што мислат дека ќе е најарно, тој ќе оди да клечи пред студено позлатениот исток, да се моли за мртвите, за нив, за себе, сам и осаменички да ја доизградува верата во себе, не онаа кон небото туку онаа што ќе ги доведе до целта, не со патила да го купуваат правото на живот и не да живеат за да сеат и да жнеат патила - мажи се, не сенки со начнат разум и не покорници пред бабуњосаноста на проклетството.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој млад идиот, тој будалест садист, ниту не насетуваше дека еден ден ќе го жнее тоа што го посеал.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На небото бел срп светка, ѕвезден овес тој ќе жнее.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Повеќе