жолтее (несв.)
Од ден на ден губеше сили, место да му оди за напред. Очигледно, венееше, жолтееше и се сушеше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Си отидовте задоволни од моето кутнато жолтеење. Верувајќи дека со тоа сте ги покосиле и сите брчки што ми ги довериле луѓето но вие заборавивте дека го оставате мојот корен и дека мојата смисла, всушност, само што не започнала.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Одминаа убавите летни денови. Венат тревите, жолтеат лисјата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Летното сонце печеше... Житата зрееја... Јаболката почнаа да руменеат, а крушите да се жолтеат...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Пченките крај патот почнаа да жолтеат и да зреат.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Лисјата на дрвјата почнаа да жолтеат...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Но кога со врел скок летото рипна во нашата градина, тревата почна да жолтее, а земјата да се суши. Растенијата беа жедни.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Што требаше јас да носам кај Ризван-бег? Таму имаше сѐ, беговска куќа, еден сарај жолтееше како сонце.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Липите жолтеат и дури по некој лист паѓа долу на тротоарот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)