жолтеникав прид.
жолтникав прид.

жолтеникав (прид.)

Разденувањето ги бришеше ѕвездите и полека окото се полнеше со светлина: зеленикава, па жолтеникава и на крајот азурно-сина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Жолтеникавата светлина од фенерот се збира и остро се крши во неговиот монокл.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И темната бразда крв, потечена и засирена на жолтеникавата шумурина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чадот, жолтеникав и мирудлив, толку го смирува што Пандо може по цели часови да лежи под сенката на старата подгниена слива, да гледа во небото, во облаците, во летот на соколите и, без да му трепне око, да ги слуша лелеците на жените што ги оплакуваат своите најблиски.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа сѐ се престори во проѕирна и жолтеникава празнина што му искреше од очи и пак во нив, во очите, некаде зад нив, во тилот, се купчеше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од тоа и Горачинов ми станува жолтеникаво црвен во лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Онисифор Проказник клекна до мене. „Тој е зад ридон, така ли е?“ По белегот на лицето му се лизгаше жолтеникава шурка сонце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник пак прашал што ќе се случи ако не го најдат тоа, и веќе никој не знаел дали мисли на жолтеникавата грутка од говедска жолчка или на моќната вода од диви краставици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јаков Иконописец, сега со мудречка неизвесност на лицето, жолтеникав и мал, премал и за бостанско плашило, ги подал рацете кон петте сонливи старци што се доближиле со израмнет чекор. - Одбранете ме, стриковци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тивко, но доволно цврсто му напоменувам дека жолтеникавиот господин Тест веќе подолго време страда од хроничен гастритис.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во едно широко шише имаше камфор, жолтеникаво густ; си заби себеси шприц во раката - се распалија дивите струи, некоја дива енергија ја тргна раката на парализираниот човек наназад, па угоре, тој му ги наби лактите в гради.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Пред влезната врата најде голем жолтеникав плик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така, едно време, сред зимата, кога божикните снегови беа станати и секое утро тревникот го поткопуваше мраз а дневното сонце го раскалуваше, на местото во еден агол од дворот каде што ја оставаше покосената трева, најде легнато едно изнемоштено жолтеникаво куче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ботаниката е заменета со зоологија, а професорот е истиот : долгообраз, жолтеникав (може поради костумот), очи големи, испакнати, белките на сите страни разлеани.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Потем го замесуваше другиот дел од брашното, со јајца и со малку путер, без квасец, во форма на мала погача која, по печењето, добиваше жолтеникава боја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На Брчалото секој месец, некое време околу половината на месецот, поштарот му носеше по еден долгнавест жолтеникав плик после, така што тие дена одеше в град и по најмалку неколку денови го немаше да се врати.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во ранецот најдоа и половина шише жолтеникава течност.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)