забранува св.
забрани св.

забранува (св.)

САВЕТКА: Зашто, мор’, прашаш, јас не оти некогаш сум ти забранувала да ги викнеш. Викни ги уште сега ако сакаш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Ти ли ќе ми забрануваш? предизвикувачки прашав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И колку даскалот му забрануваше да се врти натаму, толку повеќе му се сакаше да гледа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кате ги наведе очите, бидејќи Адем така го учеше и му забрануваше да им гледа на гостите во суратите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Не можеш ти да ми забрануваш да одам на својот имот!“ му свика Грдан.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но попусто Профим ѝ викаше ѝ забрануваше на Царјанка: таа не можеше без него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога виде дека Грдан не попушта, го сврте листот и почна да му забранува да оди на бавчичката велејќи му дека нема пат за бавчичката и дека не смее да гази низ имотот негов.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Понекогаш само торбарите го нарушуваат спокојното движење, кога со полни бовчи чорапи, врски или комбинезони, ќе се разбегаат откако по некој таен сигнал ќе дознаат дека се ближи полицијата, која забранува торбарење без дозвола...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Исто така, на сите им се забрануваше излегување крај Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Јас на моите деца, кога беа мали, им забранував да примаат другарчиња ако не бевме ние доба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се сетив дека татко ми забранува да ја удирам зашто е помала од мене цели пет години и зашто сум силен, па би можел не сакајќи да ја повредам, и, токму кога сакав да ја пуштам, таа срипа и со нога ги растури сите фигури од шаховската табла.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од свињите се забрануваше и сапун да се прави, се забрануваше и на кучињата да им се фрлаат, се закопуваа длабоко в земја или се спалуваа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Оние што од колено на колено учеле еден занает, а на овчарите им се забранува да бидат и натаму овчари – работа што никој друг подобро од нив не ја познаваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Третата премиса е дека разговорите кои што се потребни да се разреши оваа дилема се попречени бидејќи (а) доминантните говорници во групата која разговара го забрануваат дијалогот за проблемот; или (б) постојат надворешни пречки (како што се политички притисок, закана со насилство во семејството, културна или верска дејност), кои јасно забрануваат разговор во врска со дилемата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
XVIII. Им забрануваме на сите наши поданици, без оглед на нивната положба или професија, со сила или заведување против волјата на родителите да ги одведат децата од оваа вера и да ги крстат или да ги потврдат во католичка, апостолска или римска Црква; подеднакво важи и за припадниците на споменатата Црква, што се прогласува за реформирана, за сите се предвидени егземпларни казни. (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
II. Им забрануваме на сите наши поданици без оглед на нивната положба или професија да го оживуваат споменот, да се напаѓаат, да се навредуваат, да се караат и да се предизвикуваат еден со друг со префрлања во однос на она што се случило, без оглед на причината или околоностите, да се расправаат, да се оспоруваат, караат, засрамуваат или навредуваат со дејства или со зборови; нека се совладаат и нека живеат заедно како браќа, пријатели и сограѓани, а кршителите ќе бидат казнети како кршители на мирот и нарушувачи на јавниот ред.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нивното право на атеизам е загарантирано со член 37 од Уставот на Албанија според кој државата не признава ниедна вера и ја поддржува атеистичката пропаганда за да се вкорени кај луѓето научниот светоглед на материјализмот, а според член 55 од Уставот се забранува основање на каква било организација со верски карактер.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа ми забрануваше да ја сакам, ми забрануваше „јас“ да бидам „јас“ и јас да решавам што ќе сакам и што ќе правам; со тоа, таа ме лишуваше од себеси самиот, како што се прави тоа кога човек се става во затвор, па му се одзема правото да биде она што по професија е, да биде сопруг на својата жена или татко на своите деца, да биде пушач, па му се одземаат запалката, цигарите, сликите од семејството, паричникот, врвките, каишот; тоа беше чиста политика, идеолошки терор од прв ред: да не му дозволиш на човека да биде она што е!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оној кој не плаче никогаш освен кога лаже, се поигрува како ли ја збори вистината премолчуван, преименуван преиначуван, забрануван со амајлии истеруван со клетви застрашуван?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од овој момент ви забранувам да ги сакате културата и театарот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Повеќе