загинат прид.
загине св.

загинат (прид.)

Во селото пее длабок баритон му ја чувствува тагата на народот за загинат некој војвода.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Еден ден се решила да оди на гробиштата каде што биле закопани загинатите од земјотресот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Солзи му течеле и на мажот на загинатата другарка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Палто нивно да најдам, палтото ќе им го удирам, загината капа нивна да најдам, капата ќе им ја клоцам, ќе им ја газам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се умирало и веќе се немало сили да се копаат гробови: откако се договориле уште во Лесново да се здружат, тие и сите во Кукулино во дваесет воденици, требало да се мисли и да се предвидува дека дел од маката на живите ќе станат и гладните детски усти на некои од загинатите, бездруго на Јане Крстин, Пеце Дановски и Борис Калпак, а најмногу купот штури наследници на килавиот Јаков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сите, некои сосила ѝ се тргале на дремката, чувствувале како да пуштаат од олтар на своја тврдина гулаб на надеж кон светлост пламната од нивната здруженост што раснела од сфаќањата и неслогите на она проклетство за кое им говорел можеби некој од умрените или загинатите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во торбичката на еден загинат другар најдов парче леб.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Глас: Ги отпуштил неспособните војници. За сирачињата на загинатите определил помош.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Обично по војните ќе биде познат бројот на загинатите војници, нивните жртви, но никој нема да ги евидентира изгубените верувања, уништените идеали!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Божем мора да се познава дека споменикот се однесува на загината жена.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Наместо тоа, секогаш кога ќе паднеше снег, С правеше голем снешко – споменик на загинатата жена – и плачеше пред него.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Откако го прифаќале исламот, јаничарите се колнеле во душите на загинатите, го продолжувале нивниот дух.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)