зажарен прид.

зажарен (прид.)

Сонцето зажарено беше виснато над нивјето и печеше со сета своја жештина...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
По ѓумето се разлева ретка црвеникава светлина и се лепи по нашите лица како зажарена пајажина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се сети на некого од едно румено и зажарено лето, во една блага западна смиреност и скоро за`рѓан сјај на `ржта: бојата на класјата го пренесе на нејзините коси.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не ѝ зедовте слика, сакаше да праша и не праша, не сакаше да се сретне со зажарениот поглед на богословот. Тогаш...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Огнот пушта сињи пламенчиња и ги озарува двете зажарени лица и светнатите тигрови очи. Не се знае кој повеќе е зажарен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уловената риба рибарите ја печат веднаш во мангал, во кој има зажарен дрвен ќумур, а кој се наоѓа во самиот кајак.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Трепетлива врелина под клепките, леплива крв под дланката и оддалеченост од сѐ што станува во тој ден. Се сети на некого од едно румено и зажарено лето, во една блага западна смиреност и скоро 'рѓосан сјај на 'ржта, бојата на класјата го пренесе на нејзините коси.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Еден од треварите, постариот, и некои двајца, калуѓерски долговратиот Лазар Аргиров и кашличавиот Осип Сечковски, веќе ја кршеле со секири колата на Дмитар-Пејко, кога пред нив како куп ѕвезди ќе блесне оган да нафрлаат врз зажареноста пресно месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го совладувавме овој зажарен трупец, некогашното дрво, стебло исечено токму од местото каде што живееше, а сега струполено, изгорено, навлегува во легендата за одржувањето на топлината, огнот на слезеното сонце, сликата на неговото земно живеење.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Гледав во тоа искуство што сега беше огромно зажарено брдо, планината што ја испушташе вжештената топлина наоколу, а сите само се оддалечуваа од таа топлина која освојуваше сѐ повеќе и повеќе.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Но она што најмногу ме згрози, беше неговото објаснување дека и вујна му Манасија се стаписала кога ја здогледала неговата алатка и божем извикала „Ох, сладок на вујна, таа твоја зажарена гламја колку ли куќи ќе пеплоса!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И сега: Низ Гехиномскиот отвор на градските ѕидишта продира ветар со топол, пеколен здив и непопречен од ништо навлегува во градот носејќи зажарен пустински песок што го фрла на сите страни и ги опсипува тесните улици некогаш полни со детски гласови и човечки џагор, сипејќи по куќите што сега ги населува пустош, по палатите во кои царува тишината и храмовите во кои песочни псалми виуличаво испева ветрот, татко на празнината, брат на исчезнувањето, двојник на гибелот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа само климна со спуштен поглед и зажарено лице, велејки „благодарам, пријатно“ и забрзано појде накај дома.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Низ проѕирниот чад ја забележа зажарената искра што ги поврзуваше Рада и Ѓорѓе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)