заинтересиран прид.

заинтересиран (прид.)

Мисирков не беше и не можеше да биде против самата ТМОРО, но тој многу продорно, уште во самиот тек на настаните, ги согледа слабостите што загрижено и ги потсилуваа некои заинтересирани странски фактори, не одбирајќи притоа методи и средства.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
11. Не еднаш сме спореле оти има разлика помеѓу Крит и Македонија, оти има држави што се заинтересирани за status quo-то и ќе направат сѐ возможно да нема замешување во наша полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
– Да, ние треба да знаеме оти од учеството на сиот “концерт” може да се очекува големо неблагозвучје, помал притисок врз Портата, отколку што може да се очекува од работите на двете најмногу заинтересирани држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Суљо почна да раскажува надолго и нашироко, а Великиот везир почна да се нервира од долгото раскажување, но гледајќи го заинтересиран султанот, и тој внимателно слушаше: – Ете така Падишаху.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ЛУКОВ: (Ја гледа. Овој пат со посебен, заинтересиран поглед и долго. Потоа седнува да јаде.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Мајка му замолче. Трајче заинтересирано праша: - И после?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Уште една е останата само на вратата од општината. А за неа најмногу од сите е заинтересиран полјакот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Изненадено рече: - Кафе! - Пробај да видиш, - сега веќе заинтересирано рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сѐ е организирано така, да се држат најточни, најбрзи врски со берзата и со оние, што се заинтересирани за текот на купопродажбата на акциите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Еве бршленов... - покажа со раката кон ѕидот на црквата по кој беше изнафаќан бршлен... - Бршленот го спасил Исуса Христа... Полковникот го погледна заинтересирано.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Хм... - чинеа полковниците слушајќи заинтересирано, чекајќи отец Иларион да продолжи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Игуменот им го покажа и гробот на св. Наум и им рече: - Закопан е пред илјада години, а срцето сѐ уште му чука... - се наведна, го залепи ушето на плочата од гробот, постоја така вслушнувајќи се; полковниците заинтересирано го гледаа игуменот, кој, станувајќи, оддавеше со лицето блаженост и задоволство што го чул живиот отчук на срцето на светецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ова важно сознание јас би можел да им го соопштам на луѓето, но не сум заинтересиран за тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Наставничката предаваше, ја гледав внимателно, право в очи, веројатно мислеше дека сум многу заинтересиран, ама нејзините зборови летаа покрај мене и низ отворениот прозорец одминуваа надвор - во спокојното септемвриско претпладне.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Туку, да продолжам јас со приказната: особено двајца беа заинтересирани да се најдат во друштвото со Поетот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не да не сум заинтересиран туку тоа е толку очебијно што изгледа безмислено некому да му го објаснуваш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ана беше непредвидлива, седеше токму на седиштето крај прозорецот, таа веќе се наоѓаше таму кога јас влегов на станицата Етјен Марсел па кога некој Црнец ослободи едно седиште напред за кое како никој да не беше заинтересиран, па кога јас успеав да се провлечам со некој неодреден изговор меѓу колената на двајца патници што седеа на седиштата покрај ходникот, останав покрај Ана и, речиси едновремено, бидејќи влегов во метрото токму уште еднаш да ја одиграм играта, го побарав профилот на Маргарита во одблесокот на прозорското стакло, и помислив дека е убава, дека ми се допаѓа нејзината црна коса со како птичје крило што накосо ѝ паѓаше преку челото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од друга страна, заинтересирани се да разберат на кој начин дрогата влијае на репродуктивните способности, дали ги усовршуваат или осиромашуваат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не сум посебно заинтересиран за психолошката нарација во смисла на 20 век, од која произлегува создавањето на еден типичен американски филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Откако слушна дека сум писателка, младата Њујорчанка заинтересирана за „Источна Европа“ прашува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе