заколе (св.)

Месото кај нас за Божик кога ќе заколиме прасе па додека го изедеме...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ако, вика, нека ме заколи, зошто сум жива.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Никој, никој, оти ако го рече името на грчкиот владика — ќе го заколат Бугарите, ако го рече на бугарскиот — ќе го заколат Грците. Ами вака — никој.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Mope, ќе те закола, да знам да умра, само а де, нека доведат девери ми некоа, таман ќе се отстрама со тебе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токо, ете, вака, кога грашок, кога леќичка, тиквичка, пиперчички, расолец — дури да си го заколиме гуцето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ќе им кажете и тоа оти ако до зајдисонце не донесат, ќе им го отерам преку планина сиот добиток, а тебе – му се сврте тој на Пецета, - ќе те заколам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да легнам и да го чекам да ме заколе, не ми се легнува!...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ќе го заколат Пецета ако не му дадеме! – рече.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Турците ја заклаа пред четириесет дни на ова исто место.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Удри овој, удри оној, а од нив тече црна крв како да си заклал бивол.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го сети ти тој молк твој што те закла таа добрина твоја што те мами дека не ќе те израсне и снебиден ти за туѓи очи веќе, заспи над ова голо тело Молчи Тивја патот долг.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Скоро ќе стигне и есента и вие весели ќе дојдете да ме заколете.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ги закла потсмешливо пак распеан како проповедник: „Касата не е кокошка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ЛУКОВ: (Првин долга, натегната пауза.) Моите луѓе сакаат да Ве заколат во потонот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: Не се нервите. Ти и самиот знаеш дека цела Софија расправа оти го заклал Костова само затоа што му - пререкол?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Што ќе речете ако Ви раскажам дека синоќа додека Вие овде... шушукавте со Ивана за неговото бегање во Америка, моите луѓе долу во потонот за малку што не го заклаа вашиот маж затоа што, целата ноќ, по оној дожд, се движел околу куќава за да не Ве остави сама?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тоа, се разбира, забрането, но петелот е толку убав и голем, што срцето не им дава да го заколат.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„А може сите овци се заклани од волците. Можеби влегле гадовите?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И просто му се идеше да летне, да најде некој од големите Турци, да го заколе и да дојде да му се пофали на ова дете.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А Толе се осмели до лудило. Влезе во Ерековци, на саат место од Прилеп, го извади крволокот Авмеда и над Алинци го закла со ножот, та го натера Андона да напише на една пачавра, што му ја закачи на минтанот на градите: „Вака ќе помине секој Турчин шо ќе дигне рака на рисјанин“, Сите давии зборуваа само едно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе