закржлавен (прид.)
Горе над селото, на сртот на Зајачки Рид, кој овде се вика уште и Веселички Рид, десно од патот, кој доаѓајќи од селото и префрлувајќи се преку ридот се спушта во Потковицата, во еден густеж од капини, над кого се издига закржлавена слива, има еден пак безимен кладенец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Свињата личи на слон, наоружена со закржлавени заби и рилка која е закржлавена сурла, со ситни очи помеѓу листовидните уши.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се прашувавме што сме сега, но погледнувавме и во она што бевме, затоа што знаевме дека во човечкото суштество постојат сите негови слоеви, и низ неговата сегашност проблеснува сѐ она што некогаш било важно и не станало закржлавен остаток од минатото туку извор на светлина кој го оплеменува ликот; си го раскажувавме минатото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Над нив растат стари закржлавени дабови чии корени се вжилени во пукнатините на карпите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Почнав за психо-вежби да го користам и секојдневното излегување во дворот на клупата под сенката на закржлавената дудинка покрај улицата.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Покрај оградата имаме една закржлавена дудинка; си поседувам таму на клупата под нејзината скржава сенка.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)