залади (св.)
Како што гледате, времево сѐ повеќе заладува. Горе е паднат и снег.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
2.00 Повторно заладува. Претпоставувам дека се спуштам.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Ме чуди, зашто кога ја проверив, беше полна.“ Ќе се облечам“, додаде таа. „Изгледа како да заладува.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Смрдеата малку стивна откако залади.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Преку тоа, кога ќе заладеше, облекуваше мантил. Евентуално блузата ја заменуваше со џемпер.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога заладуваше времето, Мајка одеше сама во киното.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Така ибн Тајко немаше смелост да му признае дека не знае ни да чита, ни да пишува.
(Бела пауза)
Марин Крусиќ дојде пак кога заладуваше и кога честите бури на езерото го задржуваа дома синот на Тајкота.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Околу осум часот, ветрето од запад веќе имаше почнато да дува и заладуваше.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Есента, кога времето залади, го прибрав мојот стол, а столот на мајка остана надвор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога на крај ќе излезам веќе заладило, пределот се вовлекол во себе, и денот е заокружен.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Туку, ајде влегувај дома. Почнува да заладува.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)