залегне (св.)
Го остави северниот крај слободен, не за да го пушти Толета да избега, ами да му го поттера на оние јузбашии, што исто така ноќта ја навртеа војската на дветри стотини метра до селцето и залегнаа на пусија во густите смреки и грмушки од Никулица, Нежилово и Клен за да го дочекаат скриени зад карпите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Аскерот се насобра по педесет души на еден четник и нарипа живи да ги фаќа, но овие се држеа зад стените и Турците секое нарипување го плаќаа со по еден два убиени другари и пак залегнуваа и тие зад своите метеризи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мислиш некои сеништа залегнале, се притаиле на снегот и демнат да те удават.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Си мислам дека некој бугарски војник ја поткрева главата и пак залегнува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не се помрднале од кај што залегнале.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се обѕрнувам и забележувам залегнати волци.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Жените бегаат со децата под дрвјата, залегнуваат по ендеците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„А, еве, што да лажам, покрај оние, исплашените смртници“, ми вели тој, „ги имаше и такви кои не залегнуваа во рововите туку пукаа стоејќи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Повремено, кога ја средувам документацијата, ги гледам фотографиите од гробовите и прочитувам: „Лазе Костовски и Невена, заедно, 1949 и 1951, на крстот имало две мали елипсоидни слики, но со време испаднале, останале само дупчиња; Стефан Лазески, 194., последната бројка не е читлива; Младен Поцо, 1956; Ица Танеска, името напишано наново со мрсна боја; Боне Попчев, 1945, со елипсоидна слика под стакленце, на еден крај поткршено, сликан залегнат со шмајзер на Сремскиот фронт, каде што е убиен; Стевка Симонова, година нечитка, за спомен од нејзиниот син Тале“.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Залегнував во овој мал, затворен свет на летна жега и сина вода, со неколку животни и двајца мажи што на дистанца си подаваат по некој збор.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Симон, со време, залегнал во Долнец и, како што ми кажуваше Лена, тој самиот велел дека си разгазил свои патеки и дека, дури, немал потреба да среќава многу луѓе и дека, дури, чувствувал зазор од појавувањето на некого.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Залегнува у својот омилен лигенштул, пали една од оние пури што си ги донесе од Куба и целата атмосфера ја залива со Реми Мартен....
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
На дневен ред се расправа ребалансот на буџетот, а ја залегнат у дубоката кожна фотелја кликам на новите статуси кои ми пристигаа на фејсбук од државниот лаптоп.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Залегнат в кревет со криглата пиво го вклучив моето радиоактивно теле позната водителка ставила ботокс а јас од летаргија почнав да зевам По навика редовно мењав канали дневна политика, срања тривијални вести од светот дежаву војни курвите од Нато фрлале бомби
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Две идентични возвишенија со падина во средината го чекаа вистинскиот да залегне и мирно да затвори очи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Е, кралот! Или останал без коњ а не доаѓа, или некаде залегнал и чека јас да го пронајдам.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тракаат автоматите. Скрши јуришот. Владините војници залегнуваат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)