заледен (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Неколку дена подоцна директниот погодок на топовското ѓуле го распрсна по тврдата, заледена почва.
        
      
    
    
    
      „Пловидба кон југ“
         од Александар Прокопиев 
        (1987)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Нежниот    глас на спикерката и благата музика ги следеа заледените фотографии на советските    градови во кои живата се симнуваше до 40 степени под нулата.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 6-7“
        
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Левијатан: бел кит
 
   - пофалба на Моби Дик од Херман Мелвил -
 
   
 
   Одмаздата е бел млаз, отровен Жрец
   Човек не ти е рамен
   твојот пат, божји прст
   вперен и прав
   одек на екваторот
   заледена душа во топли води
   одмаздата е млаз, езди на југ!
        
      
    
    
    
      „Ерато“
         од Катица Ќулавкова 
        (2008)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Да го залажеш читателот со навидум смешна приказна, по која на лицето му останува заледена насмевка, а во душата горчина, додека во свеста му изрипува прашањето: На што, всушност, јас се смеев?
        
      
    
    
    
      „И ѓаволот чита пРада“
         од Рада Петрушева 
        (2013)