замачка св.

замачка (св.)

66. Бератите за владици се дадоа и ние заслепените Македонци ѝ поверувавме на Бугарија оти таа со нејзината „самостојна“ политика ништо друго не прави, туку одржува политички победи и нѐ облагодетелствува нас Македонците. – Арно ни ги замачкаа очите. – Но не поминаа ни 5-6 години кога се отрезнаа Бугарите од своето занесување во „самостојната“ политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дали лошото го криел за сега, дали до сега го замачкувал, не го кажувал. Ко сега што го кажува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од полуотворените врати на секаквите куќи кон мене зјапаа баби со лица на црцорци и тапонски агенти: оџачари со мердивани за да погледнуваат во туѓи прозорци, попови со оружје под прешироките мантии, предвоени пензионери на патерици и во излижани облеки на риги но со полициска цел во голите и збрачкани тикви, маслосани асфалтери со замачкани муцки и со душоваднички нокти на прстите, пожарникари, лажни студенти на државни бицикли, продавачи на зашеќерен сусам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мајсторот Ратко во гаражата држеше ситни делови за коли – свеќички, платини, четкички, лампи, осигурувачи, ремење и слично и нешто галантерија како спрејови за чистење, полир-пасти, мали пакувања бои за замачкување на разни гребнатини и други такви работи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Полека го вртеше пердувот низ прстите, не ни забележувајќи дека си ги замачкал со мастилото кое веќе се имаше засушено на наострениот врв од пердувот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Каде да оди, каде да бара - одговор, правда? Сите врати му се затворени, а и оние што се отворени, поправо што се подотвораат, го прават тоа прелажно - колку да му ја замачкаат вистината.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Алах те учи како да зборуваш, или си со ихтиза мене да ми замачкаш очи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И од страв да не се заебе пак, сѐ што прави после е без срце, без хи-фи, и само со цел да го замачка она што прво го направил.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сѐ е тотално фушерски изведено. Тукутака замачкано, нафрлано, незавршено.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Обожувам кога некој сака да ми ги замачка очите со својата лажна самодоверба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)